Балкан Вести Свет

Хрватска откри група која увезувала опасен медицински отпад- заработиле 4 милиони евра со еколошкиот криминал

(ФОТО ЕУРОПОЛ) Во Хрватска се уапсени 13-мина осомничени за увоз и незаконско складирање на опасен отпад при што оствариле околу 4 милиони евра заработка од опасниот еколошки криминал.

Обвинителството за организиран криминал на Хрватска (УСКОК) обајви дека е уапсен сопственик на фирма од градот Вараждин која имала депонии за отпад на повеќе локации меѓу кои и во гратчето Бенковац.

Наместо да го заштити по закон и отпадот да не предизвикува опасни последици по здравјето на луѓето, уапсениот бизнисмен не го правел тоа, ниту пак го уништувал отпадот. Увезувал и отпад од Италија и Словенија, а почнал да увезува и складира медицински отпад. Откриени се околу 35 илјади нелегално складиран отпад.

Уапсениот го увезувал отпадот за што добивал пари, но не го третирал и ги довел во опасност граѓаните на Бенковац. Меѓу уапсените е и неговата сопруга, но и сопруга на златар од Хрватска.

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Фетаи ќе биде именуван за нов специјален претставник на македонската влада во Брисел

Tea Dimkovska

Полициската ЕБР го промовираше засилувањето – новите припадници ги прикажаа своите вештини

Дејан Дејан

Извештајот на Вајц за Македонија: Јазикот, културата и идентитетот не треба да бидат доведени во прашање од трети страни при процесот на интеграцијата кон ЕУ

Tea Dimkovska

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе