Вести Македонија Најважни

Започна протестот „Кој е следен?“ – Граѓаните масовно се собраа да побараат одговорност

Граѓаните на протест за смена на системот. „Тој убива и создава убијци“. За случајот Фросина Кулакова се маршира од Универзална сала, преку Обвинтиелството и Собранието до Кривичниот суд.

Извикувајќи „Бараме правда“ илјадници граѓани го почнаа протестниот марш што тргна од местото на булеварот „Партизански одреди“ на кое во средата (29 јануари) во сообраќајна несреќа загина 22-годишната Фросина Кулакова.

Во првите редови во поворката се членовите на нејзиното потесно семејство. Присутните граѓани извикуваат „Сакаме правда“ и „Нема правда – нема мир“. Се носат и црни маички на кои пишува „Правда за Фросина“.

Истакнати се транспаренти на кои пишува „Секој еден може да е следен“, „Безбедноста е право, а не привилегија“, „Судии убијци“, „Крвта е на ваши раце“.

Ова предизвика гнев кај граѓаните кои се собраа на протести на местото на несреќата и во родниот град на Кулакова, Неготино. Побараа одговорност и за судијката која многумина ја обвинуваат дека претходно го спасила од притвор проблематичниот возач.

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Симптоматична е втората оставка во Уставен, јавноста треба да ги знае причините – велат експертите

Дејан Дејан

Документот со исполнети реформи испратен во Брисел, Изборниот законик останува во политички застој

Дејан Дејан

Анибар Филм Фестивал – гнездо за развој на креативноста, регионалната културна сцена и младинскиот активизам

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе