Балкан Вести

И граѓаните на БиХ ќе ги бојкотираат продавниците

Граѓаните на Босна и Херцеговина по примерот на Хрватите преку социјалните мрежи се повикуваат на 31 јануари да ги бојкотира продавниците, бензинските пумпи, кафулињата и рестораните, како израз на незадоволство од високите цени и нискиот животен стандард.

Иницијаторите на акцијата апелираат граѓаните на 31 јануари ништо да не купуваат и да не ги посетуваат рестораните. На социјалните мрежи граѓаните на БиХ тврдат дека цените на храната во земјата се многу повисоки споредено со тие во западните држави, а трошоците за домување се неподносливи.

Иницијаторите на бојкотот посочуваат дека целта на акцијата е да се изврши притисок врз властите и работодавците да преземат конкретни мерки за намалување на инфлацијата, зголемување на минималната плата и подобрување на севкупниот животен стандард на граѓаните.

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Невремето во Штип предизвика штета и во Клиничката болница – зафатени одделенијата за Ортопедија и Интензивно лекување

Igor Trajkov

Минувач ѝ помогнал на тешко повредена скопјанка врз која паднало дрво – барајќи ѝ ја чантата, нашол бомба

Sasko Dimovski

Девет повредени лица во невремето во Скопје, од кои две потешко, се примени во клиниката за ТОАРИЛУЦ

Sasko Dimovski

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе