Вести Македонија Најважни

(ФОТО) Калифорнија во пламен, двајцаa загина над 70 илјади имаат наредба за евакуација

Очајни и избезумени, луѓе се евакуираат поради пожарите кои не стивнуваат околу американскиот град Лос Анџелес. Најмалку две лица загинаа, а десетици се повредени за помалку од 24 часа. Покриени со ќебиња, во болнички кревети и колички чекаат медицинска помош. Пеплосани и во пламен куќи, огнот се уште дивее низ предградијата на Лос Анџелес.

Сушата и силниот ветар предизвикаа 5 пожари, а пожарникарите успеаjа да стават под контрола само еден. На повеќе од 70 илјади граѓани им е наредено да се евакуираат, но некои од нив останаа заглавени во автомобилите, а други бегаа пешки, создавајќи уште поголем хаос.

  • „Морав да се јавам најмалку 4 или 5 пати и морав да објаснам и кажам дека ние сме заглавени овде и нашиот автомобил не може да излезе од гаражата, бидејќи вратата од гаражата е електрична“ изјави Ненси Круз, евакуирана жителка.
  • „Сестра ми се јави и ми вика, дали си добро? И во тој момент, хеликоптер ми прелета и само испушти вода. А јас мислев дека заврна. Таа ми рече не, не врне. Твојата населба гори Треба да излезеш! И штом ја отворив вратата, погледнав во дрвјата како се нишаат навистина се изгубив“ изјави Шерис Валас, евакуирана жителка. 

Евакуирани се куќите на многу познати личности, а уништени се вили вредни по неколку милиони долари. Пожарите погодија 200 илјади луѓе, а службите за итна помош работат неуморно. Метрополитенската област, од брегот на Тихиот Океан до Пасадена, домот на познатата Парада на розите е зафетана од пламенот. Населбата Пацифик Палисадес е преполна со резиденции на славни личности, тука е домот на Адам Сендлер, Бен Афлек, Том Хенкс и Стивен Спилберг. Познати американски ѕвезди на социјалните медиуми објавија пораки дека се евакуирани и испратија молитви за сите кои се погодени од пожарите.

  • „Имаме над 5000 хектари што изгореа. И огнот расте. Немаме процент на задржување. Имаме околу 1.000 уништени објекти, а исто така нема пријавени жртви. Имаме голем број значителни повреди на жителите кои не се евакуирале. Покрај првите екипи кои се на линијата за пожар, уште 1000 лица се распоредени, а причината за пожарот не е позната. Сепак, тоа е под истрага“ соопшти Ентони Мароне,  шеф  на противпожарна бригада на Лос Анџелес.

Во пожарот целосно е уништен и кањонот Темескал, популарна област опкружена со густи населби. Овие пожари се едни од најразорните во историјата на Лос Анџелес.

Теа Димковска

 

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

(Видео) 8 убиени и 62 повредени лица во украински напади на два магацини на најголемата руска компанија за онлајн трговија

Igor Trajkov

Почина Нури Бајрами, поранешен член на Антикорупциската комисија

Дејан Дејан

ВМРО-ДПМНЕ: Инвестирани над 70 милиони евра во образовна инфраструктура и обезбедени повисоки плати за наставниците

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе