Вести Најважни Свет

Јужна Кореја ги проверува сите авиони Боинг 737-800, по несреќата во која загинаа 179 луѓе

Јужнокорејското Министерство за транспорт соопшти дека ќе ги провери сите свои 101 оперативни авиони Боинг 737-800, по несреќата на еден ден од нив, во која загинаа 179 луѓе.

Шефот на воздухопловството на Министерството за транспорт, Џо Јонг Ван, рече дека само двајца од 181 лице на летот што се упатил кон Муан, Јужна Кореја, преживеале и биле повредени кога авион се излизга од пистата, се удри во бетонска ограда и се запали, бидејќи опремата за слетување не се активираше.

Авионот „Боинг 737-800“ на компанијата „Џеџу Ер“ пристигна од Бангкок и се урна додека се обидуваше да слета во градот Муан, околу 290 километри јужно од Сеул.

На снимката од несреќата што ја емитуваше јужнокорејската телевизија, се гледа како авионот се лизга преку пистата со голема брзина, очигледно со сè уште затворена опрема за слетување и удира во ѕидот, предизвикувајќи експлозија и создавајќи облаци од густ, црн чад.

Семејства на настраданите ноќта ја минаа на меѓународниот аеродром Муан чекајчи ги посмртните останки на своите најблиски, но властите рекоа дека е потребно повеќе време за да не се прават грешки.

Истрагата за причините за несреќата продолжува, додека официјалните лица ги испитуваат остатоците на местото на несреќата.

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Пикот на заболените е достигнат, што е контаминирано во Гостивар – водата или храната?

Igor Trajkov

САД извршија напади врз Иран седма ноќ по ред – Иран се закани со „целосна офанзива“

Igor Trajkov

Нов археолошки локалитет кај тетовско Стенче – најдени монети и керамика од 4 век

Igor Trajkov

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе