Вести Македонија Најважни

Полиција влезе во Судскиот Совет по записници поради сомнежи за фалсификат

(ФОТО Архива, гласање по точка на дневен ред во Судски Совет на РСМ) Дошле, зеле она за што имале наредба и заминале. Така се одвивала денешната полициска посета на Судскиот Совет кој по завршување на работното време беше темен и затворен.

МВР по допрен глас за фалсификувани записници побарало наредба од обвинителството за да одземе документите и да ги провери наводите. Обвинителството им дало наредба и полициските извршители зеле записници под сомнеж дека кријат кривично дело. Допрва ќе се анализираат.

-Полициски службеници по Наредба на ОЈО Скопје постапуваат во Судски совет, односно се обезбедуваат два записници за да се проверат евентуални елементи на кривично дело, кратко соопштија од обвинителството.

Од обвинителството појаснуваат дека денешните истражни активности не се поврзани со отворениот предмет за Енвер Беџети, апелациониот судија кој заедно со Артан Груби, пред три дена, заврши на американската црна листа поради докази за примање мито за судските процеси за Сашо Мијалков.

Фалсификувани записници во Судски Совет прв ги спомна премиерот Христијан Мицкоски од собраниска говорница, по што доскорешната претседателка на Судскиот Совет Весна Дамева си поднесе оставка и го обвини Мицкоски за политички притисок и мешање во судската власт. Му порача на Мицкоски дека ако смета дека има докази за неа треба да пријави во обвинителството. Една недела после оставката, МВР и полицијата почнаа постапка со побарана и добиена наредба од обвинителството.

Според информации на Телма станува збор за записници од состаноци и средби на кои се расправало за траењето на мандатот на Дамева на чело на Судскиот Совет.

Миомир Серафиновиќ 

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Системот е-Даноци ќе се усовршува и оптимизира – платформата попладнево ќе биде во неколкучасовен прекин

Дејан Дејан

Блок 1 од РЕК Битола е привремено исклучен од мрежа

Дејан Дејан

Почина Александар Јовиќ – тажна вест на неколку часа пред првиот настап на Македонија на ракометното СП

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе