На 20 години затвор е осуден Урош Блажиќ за масовното убиство кај Младеновац, во селата Мало Орашје и Дубоа во Србија, на четврти мај лани. Тој е осуден на максимална можна казна за помлади лица, бидејќи немал навршено 21 година во момент на злосторството кога уби девет млади луѓе, а рани 12. Неговиот татко, Радиша Блажиќ, полковник во пензија е осуден на 20 години за недозволено поседување оружје со кое е извршено кривичното делот.
Според Судот Урош Блажиќ, делото го сторил кога бил пресметлив, свесен за неговата улога во несовесно насилничко однесување, пукал рафали со намера да убие без причина. Некои од ранетите го молеле да не ги убива или повикувале помош, но тој им се приближил и продолжил да пука. При изрекување на пресудата беше речено дека казната не е правична и адекватна, но е единствено можна со оглед на тоа дека станува збор за помладо полнолетно лице.
Урош Блажиќ призна вина, а оценката на Судот е дека покажал голема бруталност и немал никаква емпатија за жртвите. Неговиот татко не призна вина, и иако знаел за однесувањето на неговиот син направил оружјето да му биде лесно достапно.