Вести Македонија Најважни

Додека тече седницата на Уставниот суд за јазиците, пред судот музика и стража

Пред Уставниот суд се собрани повеќе функционери на ДУИ како и нивни приврзаници. Меѓу првите стигнаа поранешниот министер Бујар Османи и Арбр Адеми. Дојде и говор одржа и лидерот на ДУИ Али Ахмети.

Протестот е “зачинет” со музика која ечи од звучниците поставени до шаторот на демонстрантите.

Внатре во Уставниот суд почна седницата на која се расправа за Законот за употреба на јазиците. Отсутни се судиите Насер Ајдари и Осман Кадриу.

Судијата Фатмир Скендер побара да се повлече точката од дневен ред поради нивното отсуство. Но, останатите судии го отфрлија предлогот. Против беа претседателот на Уставниот суд, Дарко Костадиновски, Ана Павлова Данева, Добрила Кацарска, Елизабета Дуковска.

Уставната судијка Кацарска рече дека заклучокот да бидат присутни сите судии на седниците бил донесен кога биле само 5 судии и не се однесува на вакво одлучување кога Судот има полн состав. Предлогот на Скендер е одбиен по што Судот продолжи со работа.

Одлуката на уставен суд се одложува за неколку месеци

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Бојкот на маркетите во Хрватска

Дејан Дејан

Најуспешните држави на светот се оние кои се пријатели и соработуваат со сите – пораки од светскио Економски форум во Давос

Дејан Дејан

Убедете ја Украина да дозволи транзит на руски гас – Орбан бара од ЕУ да интервенира кај властите во Киев

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе