Судијата Аритон Ала од Апелациониот суд во Скопје и Данка Ристова судија од Апелациониот суд во Штип се новите членови на Судскиот совет, а кои беа избрани од судиите на непосредни избори. Комисијата која го спроведуваше гласање низ судовите во земјава, чиј претседател е судијата од Вишиот Управен суд, Суби Јакупи вечерва ги соопштија и резултати од гласањето и како судиите гласале.
Од 354 судии во земјава за Аритон Ала гласале 295, а има 42 неважички ливчиња. Судијата Ала беше единствен кандидат за избор на член на Советот од редот на судиите припадници на заедницата, која е повеќе од 20 проценти од населението во Република Северна Македонија.
За избор на член на Судскиот совет од подрачјето на Апелација Штип од 40 судии гласале вкупно 39.