Вести Македонија Најважни

За Груби и Беџети стигна „силен допрен глас“ од САД, обвинителството да истражи за митото, вели претседателката Силјановска

Обвинителството да отвори истрага поради американската црна листа на која од синоќа се назначени и поранешниот вицепремиер Артан Груби и актуелниот апелационен судија Енвер Беџети кој уште има активни предмети, вели претседателката Силјановска. Стејт департентот оцени дека двајцата примале мито за судските предмети на Сашо Мијалков. А претседателката вели дека сите треба да реагираат и судскиот совет и судот и обвинителството, но и државата да им забрани јавни функции и активности.

Обезглавениот судски совет немаше никаква реакција за судскиот срам со Беџети до изјавата на Силјановска. Претседателката ги повика членовите на Судскиот совет, поради слабата доверба во судството да си поднесат оставки, но избегна да одговори на директното прашање за обвинувањата на доскорешната претседателка на Судскиот Совет Весна Дамева, која сопствената оставка ја оправда со тврдење за политички притисоци и мешање на извршната власт и премиерот во судството. Наместо тоа, Силјановска тврди дека оставката на Дамева и само неколку дена пред крај на нејзиниот мандат и покрај дупката поради незаконско менување од позицијата.

Реформи треба најитно да се спроведуваат и по насоките на извештајот на оценската мисија за судството, вели претседателката, за да се избегнат нови имиња на судии и обвинители на црните листи на Америка.

Миомир Серафиновиќ

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Невремето во Штип предизвика штета и во Клиничката болница – зафатени одделенијата за Ортопедија и Интензивно лекување

Igor Trajkov

Минувач ѝ помогнал на тешко повредена скопјанка врз која паднало дрво – барајќи ѝ ја чантата, нашол бомба

Sasko Dimovski

Девет повредени лица во невремето во Скопје, од кои две потешко, се примени во клиниката за ТОАРИЛУЦ

Sasko Dimovski

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе