Вести Македонија Најважни

Артан Груби и Енвер Беџети на црната листа на Стејт департментот – земале мито за судските процеси на Сашо Мијалков

Поранешниот прв вицепремиер во владата на Ковачевски, Артан Груби и судијата Енвер Беџети се новите две имиња на американската црна листа. Во своето соопштение, американскиот Стејт департмент посочува дека Груби и Беџети биле вмешани во значителна корупција преку примање мито за предмети поврзани со поранешниот директор на УБК Сашо Мијалков.

Согласно членот 7031(в), Стејт департментот јавно ги назначува Артан Груби и Енвер Беџети за нивна вмешаност во значителна корупција преку примање мито за поткопување на судските процеси поврзани со кривичната пресуда на Сашо Мијалков, директор на Управата за безбедност на Македонија и Контраразузнавање (УБК). Мијалков беше назначен во 2022 година за значителна корупција според член 7031(в), а ОФАЦ го санкционираше според Е.О. 14033. Како дел од оваа акција се назначени и членовите на потесното семејство на Груби.

Тоа значи дека на нив и нивните потесни семејства им се забранува влез во САД.

Денешното назначување на Артан Груби и Енвер Беџети е доказ дека политичкото мешање во судството не смее, и нема да биде толерирано. САД ќе продолжат да ги именуваат оние кои се впуштаат во значителна корупција која ги поткопува демократските институции и ја еродира довербата на јавноста. Никој не е над законот и одговорноста е клучна за напредокот, напиша американската амбасадорка во земјата Агелер.

 

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Невремето во Штип предизвика штета и во Клиничката болница – зафатени одделенијата за Ортопедија и Интензивно лекување

Igor Trajkov

Минувач ѝ помогнал на тешко повредена скопјанка врз која паднало дрво – барајќи ѝ ја чантата, нашол бомба

Sasko Dimovski

Девет повредени лица во невремето во Скопје, од кои две потешко, се примени во клиниката за ТОАРИЛУЦ

Sasko Dimovski

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе