Вести Македонија Најважни

Бараат да не се укинува службената употреба на албанскиот јазик – писмо на 250 интелектуалци Албанци до Уставниот суд

Двесте и педесет интелектуалци и универзитетски професори од албанската заедница потпишаа отворено писмо до Уставниот суд во кое бараат да не се укинува службената употреба на албанскиот јазик. Меѓу потписниците се ректорите на три универзитети на албански јазик: Абдулменаф Беџети, Јусуф Зејнели и Изет Зеќири, како и Агим Винца, Агни Дика, Нури Беџети, Јетон Шасивари, Фадил Зендели и други.

„Она што сме имале можност да го слушнеме од вас и од некои високи политички претставници, како на пример премиерот Мицкоски, имаме причина да се сомневаме дека можете да станете соучесници во остварување на сценарио со политички мотиви, кое го има за цел она што отворено се декларира на највисоко државно ниво. Со оглед на вашата уставна позиција, која е независна и без политички влијанија, се надеваме дека нема да дозволите остварување на вакви сценарија, кои ги повредуваат чувствата на секој Албанец“, се вели во писмото.

В среда Уставниот суд треба да расправа по 12 иницијативи за Законот за јазиците.Оспорен е законот во целина и негови делови. Двајцата судии Албанци најавија дека ќе ја бојкотираат седницата.

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Невремето во Штип предизвика штета и во Клиничката болница – зафатени одделенијата за Ортопедија и Интензивно лекување

Igor Trajkov

Минувач ѝ помогнал на тешко повредена скопјанка врз која паднало дрво – барајќи ѝ ја чантата, нашол бомба

Sasko Dimovski

Девет повредени лица во невремето во Скопје, од кои две потешко, се примени во клиниката за ТОАРИЛУЦ

Sasko Dimovski

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе