Вести Македонија Најважни

Владата ќе чека Синдикатот и работодавачите да се договорат за 450 евра минимална плата

Сојузот на синдикати на Македонија (ССМ) и Организацијата на работодавачи (ОРД) остануваат длабоко вкопани во своите ровови, кога станува збор за минимална плата во висина од 450 евра, а Владата порачува дека за нив е прифатлив било каков постигнат договор меѓу нив.

На денешната втора седница на Економско социјалниот совет (ЕСС), најмногу време се посвети на Буџетот за наредната година и сумите предвидени за исплата на плати во јавниот сектор. Од Синдикатот се задоволни што се предвидени, речиси, 14 отсто повеќе средства и нагласуваат дека нема да има поместување по однос на нивното барање – минималец – 450 евра.

Од Организацијата на Работодавачи велат дека на денешната седница воопшто не станало збор за покачување на минималната плата. За барањето на Синдикатот остануваат на ставот дека е паушално, а минималната плата ќе се покачува согласно законот.

Премиерот Христијан Мицкоски соопшти дека Владата ќе чека Синдикатот и работодавачите да се договорат и ќе поддржат било какво решение. Тој е дециден дека во Буџетот има пари, а зголемувањето на минималната плата ќе биде на товар на работодавачите, што ќе донесе повеќе пари во Буџетот. Доколку се јави потреба секој проблем ќе биде решен со ребаланс на Буџет.

Во Буџетот за 2025 година, кој сè уште е во Собрание, предвидени се 105 милијарди денари за исплата на пензии, со што ќе се покрие и најавеното зголемување на пензиите од 2.500 денари во март и околу 53 милијарди денари за исплата на плати за вработените во јавната администрација.

Огнен Чанчаревиќ

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Најуспешните држави на светот се оние кои се пријатели и соработуваат со сите – пораки од светскио Економски форум во Давос

Дејан Дејан

Убедете ја Украина да дозволи транзит на руски гас – Орбан бара од ЕУ да интервенира кај властите во Киев

Дејан Дејан

Патријархот на СПЦ, Порфириј во понеделник во Скопје по повод националниот празник на Србите

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе