Вести Македонија Најважни

ЕСМ ќе ja тужи „Марковски компани“ – од фирмата нема одговор за раскинувањето на договорот

ЕСМ ќе ја тужи „Марковски компани“ поради непочитување на договорот, заради што вчера од РЕК Битола соопштија дека го раскинуваат. Склучен е во февруари и тежи 46 милион евра. Не се ископувало доволно јаглен и не ги почитувал обврските.

„АД ЕСМ, согласно своите обврски и надлежности, ќе ги преземе сите чекори пред управните и судските органи кои ги има на располагање и на кои е обврзано со закон, имајќи ги предвид сите последици кои се произлезени од несовесното и неквалитетно извршување на договорните обврски“, се вели во дописот од ЕСМ. 

Во договорот, освен што стои дека РЕК Битола има право да наплати пенали заради неисполнување на обврските, пишува и дека страните нема да сносат никаква одговорност, само во случај ако не се почитува договореното поради виша сила – терористички напад, епидемија, елементарни непогоди.

Пративме прашања и до компанијата „Марковски“ на мејлот кои е запишан во Централен регистар – дали навистина има пропусти или, пак, станува збор за виша сила, дали гледаат политичка заднина на сето ова, колкави се штетите и дали ќе тужат заради раскинување на договорот. Но, одговори од таму до објавување на прилогот не добивме.

Од РЕК Битола велат дека додека се најде фирма за ископ, количините ќе се покриваат без надворешна механизација со зголемување на ископот на јаглен од рудникот Суводол и со набавки, генерално, од Грција.

Механизацијата за ископ е проблем со кој долги години се бори комбинатот. Во 2021 година, ЕСМ набави свој машини во вредност од 17,5 милиони евра, но тогаш се зборуваше дека нема кадар кој да управува. Сега од РЕК Битола тврдат дека се прават напори со реорганизација на луѓето да се користат.

Комбинатот сега работи со три блока, но и се набавува електрична енергија. За овој месец ЕСМ ќе потроши над 14, 6 милиони евра за да купи струја. Парите одат во џебот на четири фирми трговци.

Инаку, според анализата на Центарот за граѓански комуникации, прв на листата со најмногу добиени тендери е токму компанијата „Марковски компани“.

Владејачката ВМРО-ДПМНЕ, кога беше опозиција, ги критикуваше договорите на тогашната владина гарнитура со Марковски, но скоро склучи договор со компанијата со образложение дека дале пониска цена.

Ирена Чачкова

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Невремето во Штип предизвика штета и во Клиничката болница – зафатени одделенијата за Ортопедија и Интензивно лекување

Igor Trajkov

Минувач ѝ помогнал на тешко повредена скопјанка врз која паднало дрво – барајќи ѝ ја чантата, нашол бомба

Sasko Dimovski

Девет повредени лица во невремето во Скопје, од кои две потешко, се примени во клиниката за ТОАРИЛУЦ

Sasko Dimovski

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе