Најновиот Тик Ток тренд популарен ширум светот, наречен „супермен предизвик“ дојде и во Македонија.
Предизвикот се состои од следново, повеќе лица да креваат во воздух друго лице кое има испружена рака како да е Супермен, но играта станува сериозна кога потоа го остават да падне на земја. Оваа танцувачка точка е позајмена и модифицирана од анимираниот филм „Супермен“.
Овој тренд најчесто го применуваат младите тинејџери кога сакаат да се забавуваат, а нивната игра ја споделуваат со врсниците на социјалните мрежи.
@zeteny.x @bajnokbotond tessek
Засега нема информации дали од овој „предизвик“ има повредени во Македонија, но во светот досега повеќе пати интервенирале медицински тимови.
Па така, во Романија во тек на еден ден имало неколку интервенции од итната медицинска помош, а во Израел 19 деца завршиле во болница. Дел од нив се здобиле се скршеници на рацете и нозете, па дури и губење на свеста. Лекарите предупредуваат да се избегнуваат овие ризични игри кои може да бидат животозагрожувачки за децата.
Играта не го избира полот, па учестуваат и девојчиња. А во Израел 12-годишно девојче паднало со главата на подот и ја изгубило свеста. Кога се освестила им порачала на своите другари да престанат со ваквите игри додека не е предоцна и некој да заврши со тешки повреди.
„Заштитете си го здравјети, ова не вреди“, рекло 12-годишно девојчето за израелски медиумhttps://www.ynetnews.com/culture/article/b1zmk0nqye кое се здобило со сериозни повреди на главата, како внатрешно згрутчување на крвта и скршеници.
Најлошиот бланс засега пријавен е во Романија, каде во еден ден повеќе од 20 деца завршиле во болница, а две биле итно оперирани.
Овој загрижувачки феномен го вклучи алармот и во соседна Албанија каде што тамошната Управа за аудиовизуелни медиуми, испрати предупредување за родителите и тинејџерите да не наседнуваат на опасниот тренд.