Вести Македонија Топ вести

Загадувањето на водата за пиење во Гостивар го отвори и прашањето за заштитата на критичната инфраструктура во земјава

Министерството за одбрана информира дека до крајот на годинава ќе го достави до Собранието Предлог-законот за критична инфраструктура, поранешната министерка Славјанка Петровска вели дека не и јасно зошто законот заглавил, затоа што оставила текст изработен со помош на експерт од ЕУ и со вклучени забелешки на НАТО, а Левица најави дека ќе предложат нивно решение со кое ќе ја задолжат армијата да ги обезбедува главните инфраструктурни објекти од критично значење.

Загадувањето на водата за пиење во Гостивар го отвори и прашањето за заштитата на критичната инфраструктура во земјава.

Според Обвинителството, водата била загадена затоа што вработени во Комуналец Гостивар, по налог на раководството кое сега е под истрага, вклучиле пумпи со кои загадена вода со фекални бактерии внеле во преливната комора и од таму во водоводниот систем.

Сепак, до Комората може да пристапи кој сака. Една метална врата и катанец е сè што ја штити комората од која загадувањето е внесено во водоводот.

Законот за критична инфраструктура, кој требаше да дефинира што е критична инфраструктура и кој и како ја обезбедува, веќе четврта година не е донесен, откако беше изготвен нацрт. Во Министерството за одбрана велат дека институциите имале голем број забелешки на текстот и затоа министерот Владо Мисајловски формирал работна група со експерти и претставници на Воената академија, кои работат на забелешките заради подобрување на нацрт-законот.

  • Министерство за одбрана: „По завршување на работата на работната група, предвидено е да се направи и јавна дебата со цел да изработиме најсоодветно законско решение. Очекуваме, предлог законското решение за критична инфраструктура до крајот на годинава да биде доставено до македонското Собрание“, велат во Министерството за одбрана.

Левица, пак, најави дека ќе предложат нивно законско решение со кое ќе ја задолжат Армијата да ги обезбедува клучните објекти од критичната инфраструктура, затоа што АРМ е единствената институција која што има капацитет за тоа.

  • „Водоснабдителните системи, браните, енергетските капацитети, клучните комуникациски центри и другите стратешки објекти не се само имот на институциите, туку тие претставуваат клучно прашање за националната безбедност на нашата држава“, вели Амар Мециновиќ од Левица.

Министерството за одбрана кон крајот на 2022 година предложи нацрт-закон кој беше поставен на ЕНЕР, по што имаше консултации во цела 2023 и почетокот на 2024, но поради изборите не беше доставен до Собранието. На тогашната министерка Славјанка Петровска не ѝ е јасно зошто се одлага носењето, а последните случувања покажаа

  • „Даден беше на консултации и во НАТО и во Канцеларијата за одбранбена соработка на САД во Министерството за одбрана тука. Ги добивме сите забелешки, коментари, сугестии, кои беа инкорпорирани, вклучително и сугестиите на експертот на ЕУ кој работеше на овој закон и целосна имплементација на законодавството на Унијата во тој предлог-закон. Тој беше проследен до Владата, но заради распишувањето на изборите во тој период не можеше да биде донесен“, вели

Петровска вели дека вклучувањето на Армија во обезбедувањето на објектите од критична инфраструктура е непрактично, затоа што од една страна е прескапо, а од друга страна се добива впечаток за милитаризација на општеството.

Срѓан Стојанчов

Б.С.

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Водата во Крушево е забранета за пиење, перење или за миење садови – може да се користи само како техничка вода, велат од ИЈЗ

Sonja Petrusevska

(фото)Масовни евакуации во jугозападна Франција поради пожарите

Дејан Дејан

(видео)Ветар и бранови во Охридското езеро, пониски температури низ цела држава

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе