Вести Свет Топ вести

(фото)Масовни евакуации во jугозападна Франција поради пожарите

Француските власти наредија евакуација на десетици илјади лица во југозападните региони на земјата каде беснеат неколку шумски пожари.

Рано утрово беше донесена одлука да се евакуира целиот полуостров Кап Ферет на западниот брег на Атлантскиот океан поради пожар кој се заканува да ја отсече оваа популарна туристичка дестинација од остатокот од Франција.

Десетици илјади лица, најголемиот дел туристи се евакуираат од полуостровот со автомобили, автобуси па дури и бродови.

Уште на 23.000 лица во соседниот департман Ланд им беше наредено да ги напуштат своите домови поради пожар кој изби вчера и започна брзо да се шири.

  • „Прилично импресивно па дури и застрашувачки. Досега немало евакуација од вакви размери. Можеме само да се надеваме дека пожарникарите ќе успеат брзо да го стават под контрола. Мислам дека ќе ги искористат сите средства и со нетрпение ги очекуваат канадските авиони“ – Лоран Морети – Жител на Арес, град на Полуостровот Кап Ферет.

Францускиот министер за внатрешни работи Лоран Нуњез изјави дека 40.000 лица се евакуирани или во процес на евакуација поради пожарите во кои досега изгореа повеќе од 10.000 хектари површина и 53 домови.

Б.С.

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

(видео)Ветар и бранови во Охридското езеро кај кампот Градиште, пониски температури низ цела држава

Дејан Дејан

УЈП со засилени контроли – Фер туризам започнува со пријавен доход

Дејан Дејан

Мециновиќ: Сите стратешки објекти да ги чува АРМ – Левица ќе предложи закон за критична инфраструктура

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе