Вести Економија Топ вести

Што стои зад договорот за унгарскиот кредит за кој новиот премиер Маѓар најави истрага

Милијарда евра по поволни услови, но по која цена? Договор за унгарскиот кредит се промовираше како финансиска поддршка, но сега откако новата влада таму најави истрага за заемот, се отворија прашањата што стои зад сето тоа.

Домашните експерти сметаат дека ваквата истрага сама по себе не би требало да донесе последици за Македонија, но ако се прошири и кон некои унгарски инвестиции во земјава, можно е да се соочиме со ризици. Се сомневаат и дека зад поволните услови под кој е добиен овој кредит, стоеле ветувања за отворање врати за влез на унгарските фирми во клучни сектори како енергетика, телекомуникации, а може би и во ресорот јавен превоз.

  • Унгарија и даде поповолни услови на Македонија од пазарните заради други дилови. Јасно е тоа дека третиот мобилен оператори унгарски во земјава кој веќе влезе и работи на еден или друг начин тоа беше дел од тој пакет, а втората инвестиција која почна да се реализира е унгарска инвестиција во гасна централа. Поголем ризик за нас е ако некој од овие други работи се прочепкаат и тука се разбира може да има финансиски импликации. Ако се утврди дека унгарскиот мобилен оператор влезот негов тука е проблематичен или пак кај гасната централа не знам во која фаза е ако и тука се утврди дека има некои неправилности и тоа може да има финансиски импликации, а не самиот заем што е земен, изјави за Телма Бранимир Јовановиќ од Виенски институт

Од Владата во одговор за Телма пак соопштија дека до сега не добиле известување од Унгарската влада за најавената истрага на унгарскиот кредит кој земјава го доби од таму. Тврдат и дека сите законски процедури во земјава за кредитот се запазени.

  • Македонија е договорна страна која ги има исполнето своите законски и договорни обврски и нема основ за шпекулации дека државата би можела да биде вовлечена во каков било правен или политички спор, одговорија од Владата 

По најавената истрага со обвинувања излегоа и од опозицијата.

  • Тоа е почеток на процес што директно води кон Мицкоски и неговата организирана криминална група. Ова е истиот оној кредит кој Европа во своите извештаи го квалификуваше како сомнителен заем од кинески пари, велат од СДСМ

Унгарскиот премиер Маѓар вчера најави дека под лупа ќе се најде заемот од една милијарда евра која државната Ексим банка и го одобрила на нашата држава во време на мандатот на Виктор Орбан,  со тврдење дека заемот бил со камата многу поповолна од онаа која ја добивале унгарските граѓани и компании, но и под стапката под која државата добива средства.

Инаку, дел од овие пари се искористија  за да се врати стара еврообврзница, а останатите 500 милиони евра завршија кај  општините и стопанството.

Ирена Чачкова

Б.С.

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Гостиварчани во нова неизвесност, како да ја одржат хигиената – По хидричната епидемија, можен ризик од жолтица

Дејан Дејан

Охридскиот регион доби уште 5 години за исполнување на препораките на УНЕСКО

Дејан Дејан

Водата во Крушево е забранета за пиење, перење или за миење садови – може да се користи само како техничка вода, велат од ИЈЗ

Sonja Petrusevska

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе