Вести Економија

УЈП со засилени контроли – Фер туризам започнува со пријавен доход

Во екот на летната туристичка сезона, кога традиционално се зголемува обемот на туристички услуги и обемот на приходи од истите, Управата за јавни приходи спроведува координирани активности насочени кон поттикнување на доброволната даночна усогласеност и обезбедување еднакви услови за вршење дејност.

Во фокусот на активностите се приходите што физичките лица ги остваруваат од краткотрајно издавање сместувачки капацитети – апартмани, станови, куќи, викендички, соби и сл., како и други сезонски дејности поврзани со туризмот. УЈП спроведува повеќе паралелни активности:

  • објавување практични насоки за пријавување на доходот
  • директна комуникација и поддршка за даночните обврзници
  • поврзување со други институции на државно и локално ниво и споделување информации и податоци
  • анализи на ризик и насочени контроли
  • информативна кампања преку медиумите и социјалните мрежи.

Целта на Управата за јавни приходи не е само да укаже на законските обврски, туку да им помогне на граѓаните навремено и правилно да ги исполнат. Доброволната усогласеност претставува основа на современото даночно работење и придонесува за фер конкуренција, еднакви услови на пазарот и поголема доверба во институциите.

УЈП потсетува дека секој приход остварен од издавање сместувачки капацитети подлежи на оданочување согласно законските прописи и ги повикува сите лица кои остваруваат ваков доход навремено да ги исполнат своите даночни обврски.

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Мециновиќ: Сите стратешки објекти да ги чува АРМ – Левица ќе предложи закон за критична инфраструктура

Дејан Дејан

Кривична пријава за радовишанец за силување на дете кое не наполнило 15 години

Sonja Petrusevska

За едно деноноќие 197 граѓани во Гостивар побарале лекарска помош

Sonja Petrusevska

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе