Унгарскиот премиер, Петер Маѓар, на денешниот брифинг со новинарите, најави дека во рамките на испитувањето на работата на претходната влада на државата, предводена од Виктор Орбан, под лупа ќе се најде и заемот од 1 милијарда евра кој државната Ексимбанка и го одобрила на нашата држава.
Маѓар тврди дека кредитот бил со каматна стапка која била многу поповолна од таа која ја добивале унгарските граѓани и компании , но и од стапката под која унгарската држава добивала средства.
Владата на Унгарија започнала истрага за заемот од 1 милијарда евра што државната Ексимбанка ѝ го одобри на Македонија за време на мандатот а претходната влада, Виктор Орбан.
Оваа информација денеска ја сподели премиерот, Петер Маѓар, на брифинг со новинарите, пренесуваат унгарските медиуми.
Според Маѓар, овој заем бил одобрен под исклучително поволни услови и е еден од неколкуте договори на Ексимбанката што сега се предмет на истрага.
Според унгарските медиуми, овој заем е еден од четирите случаи поврзани со Ексимбанката што се доставени до истражните органи.
Маѓар посочил дека заемот бил со каматна стапка од околу 3,25%, што, според него, било поповолно од условите под кои во тоа време се задолжувале унгарските компании, па дури и самата унгарска држава.
Премиерот истакна дека ова е многу поповолно од каматната стапка по која унгарските компании и Унгарците добиваат заеми, но и од стапката по која унгарската држава зема заеми. Тој ја наведе нуклеарната централа Пакш како пример, во врска со која Унгарија доби средства со многу повисока каматна стапка.
Според премиерот, трансакцијата ќе го чини унгарскиот буџет повеќе од 90 милијарди форинти поради изедначувањето на каматите, односно разликата помеѓу пазарната каматна стапка и субвенционираната каматна стапка обезбедена за Северна Македонија. Целиот ризик од кредитот е покриен со 100-процентна унгарска државна гаранција, додека Ексимбанк ја класифицирала нашата држава како земја со значителен ризик.
Според унгарскиот премиер, договорот бил обвиен во тајност. Тоа го докажува и фактот дека унгарската јавност била информирана за втората транша од заем од 500 милиони евра од македонскиот премиер, Христијан Мицкоски, а не од владата на Орбан, која ги обезбедила парите.
Никола Илиевски
