Вести Најважни Свет

Немири во јужнокорејскиот парламент откако е прогласена воена состојба – опозицијата со јасен став дека е незаконски

Јужнокорејскиот претседател Јун Сук Јеол прогласи вондредна воена состојба обвинувајќи ја опозициската партија дека го контролира парламентот и ја парализира Владата. Овој потег на властите претставува драматична ескалација на политичките тензии во земјата, која досега важеше за една од најстабилните демократии во Азија. Апсењето на лидерот на опозицијата и претседателот на парламентот поставува преседан кој може да има далекусежни последици за иднината на демократијата во Јужна Кореја.

„Со ова прогласувам итна воена состојба со цел да ја одбранам слободната Република Кореја од заканите на севернокорејските комунистички сили и да ги искорени бесрамните про-северни, антидржавни сили кои ја лишуваат слободата и среќата на нашиот народ. Mерка е неопходна за да се заштити нашиот уставен поредок на слобода“ соопшти Јун Сук Јеол, претседател на Јужна Кореја.

Опозицискиот лидер Ли Џа Мјунг, кој тесно загуби од Јун на претседателските избори во 2022 година, ја нарече најавата на Јун „нелегална и неуставна“.

Демонстрантите се собраа пред зградата на Парламентот, откако јужнокорејскиот претседател Јун Сук Јеол прогласи воена состојба. На улиците на Сеул можеа да се забележат незадоволни луѓе кои го блокираат патот на војската во близина на Парламентот. Помалку од три часа подоцна, парламентот гласаше за укинување на декларацијата, при што претседателот на националното собрание Ву Вон Шик изјави дека воената состојба е „неважечка“ и дека пратениците „ќе ја штитат демократијата со народот“.

Лидерот на мнозинската опозициска партија рече дека пратениците на партијата ќе останат во главната сала на Собранието додека Јун официјално не ја укине својата наредба. Тој нагласи дека војниците кои ги следат наредбите на претседателот за прогласувањето на воената вондредна состојба е незаконска и сама по себе е неважечка.

  • „За војниците на Република Кореја, отсега па натаму, наредбата на претседателот по незаконското прогласување на воена состојба е јасно незаконска и неуставна. Следењето на неуставната, неважечка и незаконска претседателска наредба само по себе е незаконски чин“ изјави  Ли Џа Мјунг, главниот јужнокорејски опозициски лидер.

Портпаролот на Стејт Депарментот изјави загриженост за настаните во Северна Кореја и рече дека воената состојба е неопходна земјата да се заштити од севернокорејските сили.

  • „Продолжуваме да имаме сериозна загриженост за некои од овие случувања. Но, на крајот, нашата надеж и очекување е ова да се реши по мирен пат, во согласност со владеењето на правото“ изјави  Ведант Пател портпарол на Стејт департмент.

Ваков потег на претседател во Јужна Кореја последен пат земјата нема видено од 87 година на минатиот век по демократизацијата на земјата по последните воените настани во 80 тите години.

 Tea Димковска

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Мицкоски приватно преку ПР агенција „Дашл груп“во Вашингтон но не ѝ на инаугурација

Дејан Дејан

Министерство за правда на САД: За спроведување на забраната за TикТок ќе биде потребно време

Дејан Дејан

Трамп се уште нема одлучено дали ќе го банира ТикTок

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе