Вести Македонија Најважни

Мицкоски, Милошоски, замените во судскиот систем со „нивни“ луѓе, наместо подобрување, негативни наводи – Дамева ја образложи оставката во Судски совет

Претседателката на Судскиот Совет Весна Дамева во своето получасовно обраќање како една од причините за својата неотповиклива оставка го наведе и политичкиот притисок врз Судскиот совет од страна на владеачката гарнитура и премиерот.

„И кога нема слух за подобрување на состојбата во судството и истото е опструирано од власта, и на разно разни начини, претседателот на владата и политичарите од владеачката гарнитура, од собраниска говорница или преку прес службата изразуваат негативен став спрема Судскиот Совет, спрема членови на Советот, но, најпоразително од се -е што изразуваат негативен став кон судиите, од кои поголемиот број навистина не го заслужуваат тоа, сметам дека единствено што ми останува е да го заштитам мојот личен интегритет и мирот и спокојството, и мое и на моето семејство, поради што поднесувам неотповиклива оставка од функцијата претседател на Судскиот Совет на РС Македонија“, истакна Дамева во своето обраќање.

Состојбата трае од промената на власт и е интензивирана последните неколку месеци, оценува таа.

„Претседателот на владата токму од собраниската говорница изнесе наводи дека во Судскиот Совет, со кој раководам, има некакви кланови и се фалсификуваат записници. Воедно, во неколку наврати, тој како и политичари од сегашната власт се обраќаа со негативни ставови за членови на Судскиот Совет, нивна поврзаност со одредени политичари од претходната власт и сето тоа, во насока да се претстави во јавноста дека јас или пак членови на Советот не ја извршуваме функцијата професионално, стручно, совесно и одговорно, а Судскиот Совет заедно со Советот на јавни обвинители беа посочени како тела треба да бидат распуштени“, вели Дамева.

Сериозна е состојбата кога премиер вели дека на нивно место ќе постави „свои“  луѓе.

„Дури, во телевизиско гостување истакна дека на нашето место, на местото на постојаните членови на Советите, треба да дојдат „нивни“ луѓе, претпоставувам дека тоа се однесува на судии или обвинители кои се блиски до владеачката политичка партија. И ова во една демократска држава е многу сериозно, да не речам поразително“, наведе Дамева во говорот при поднесување на оставката.

Во говорот го спомнува и пратеникот Антонио Милошоски.

Претседателката на Судскиот Совет Весна Дамева си даде оставка

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Растурале пропаганден материјал на ИСИС и регрутирале членови – АНБ во трага на терористичка ќелија, уапсени четири лица

Дејан Дејан

Стоиљковиќ: Службеното БМВ личи на искубана кокошка

Дејан Дејан

Инцидент во Белград: Со автомобил влетала во насобраните граѓани и удрила студентка

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе