Вести Македонија Најважни

Уапсени осум лица кои учествувале во вчерашните инциденти по повод Денот на албанското знаме

Уапсени се засега осум лица кои учествувале во вчерашните инциденти кога по повод прославата на Денот на албанското знаме беше осквернавено македонското знаме. Министерот за внатрешни работи Панче Тошковски денеска во изјава за медиумите рече дека четворица од нив се сомничат согласно член 319 од Кривичниот законик за кое кривично дело е предвидена казна затвор од минимум една година.

Тошковски рече дека сите се млади лица, а еден од нив е и малолетник. Еден од нив е фатен како го пали македонското знаме, а еден како го симнува знамето. Останатите четири лица кои се приведени се уапсени затоа што учествувале во тепачка.

Уште еднаш сакам да упатам порака до сите оние кои се на ум да предизвикаат било какво сценарио за дестабилизација на државата. Жестоко и сурово ќе одговориме на ваквите обиди. Полицијата е спремна, зрела и професионална да одговори на сите предизвици, рече Тошковски.

Во текот на вечерта, како што посочи, целосно се расветлени повеќе случаи, дел се решени делумно, а во голем дел од случаи полицијата ќе постапува и следните денови.

Тошковски ги повика сите оние кои имаат информации за вчерашните инциденти да ги достават до Министерството за внатрешни работи.

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Две недели молк кој конкурирал на милионскиот тендер за нови автобуси

Дејан Дејан

Филипче од Гостивар: Со Мицкоски загрозени се основните човекови права на здравје и здрава вода

Sonja Petrusevska

Центарот за јавно здравје на 29 јуни и на 13 јули известил дека водата во Гостивар е безбедна

Kristina Kuzmanovski

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе