Вести Македонија Најважни

Пиромани на македонско знаме и тепачите уапсени, по пукачите се трага – министерот за внатрешни работи со пофалби за полицијата

Малолетник и тројца возрасни палеле, симнале знаме од јарбол и го газеле со задните гуми од автомобилот. Ќе одговараат кривично дека поттикнале национална, верска и расна нетрпеливост, најави министерот за внатрешни работи Панче Тошковски.

Учесниците во тепачка се зад решетки. И полицијата чула рафални и поединечни пукања, но по пиштолџиите се трага.

Прославата по повод Денот на албанското знаме која се разгоре во ноќта, пеплоса знамиња, а поединци вкрстија тупаници, за Тошковски е причина полицијата да се сомнева во организатори на насилствата.

„Жестоко ке одговориме на секоја провокација“, порача министерот, прашан од новинарите дали синоќа полицијата на почетокот затаила и нередите се рашириле.

Доцна ноќеска дивеењето се оддалечи од местата каде што организаторите пријавиле и најавиле прослава на Денот на албанското знаме.

Во Скопје, без никаква најава, колoни возила и граѓани блокираа неколку крстосници и булевари. Во Куманово групи и поединци оштетиле шест возила во центарот на градот за време на дивеењето.

И Тетово не остана имуно на провокации. Покрај албанското знаме, низ Тетово вчера се вееа и знамиња со голема Албанија.

Покрај овој инцидент и покрај тоа што законот наложува, македонското знаме го немаше никаде. Според законот, во локалните самоуправи во кои над 50 отсто од населението се припадници на заедницата, може да го истакнуваат нивното знаме заедно со државното на објектите од јавен и локален карактер, но државното знаме треба да биде една третина поголемо од другите истакнати знамиња.

Павле Беловски

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Невремето во Штип предизвика штета и во Клиничката болница – зафатени одделенијата за Ортопедија и Интензивно лекување

Igor Trajkov

Минувач ѝ помогнал на тешко повредена скопјанка врз која паднало дрво – барајќи ѝ ја чантата, нашол бомба

Sasko Dimovski

Девет повредени лица во невремето во Скопје, од кои две потешко, се примени во клиниката за ТОАРИЛУЦ

Sasko Dimovski

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе