Вести Македонија Најважни

Обвинетитот Влатко Кешишев ја негира писмената изјава која ја даде на минатото рочиште

Изјавата не е моја, рече обвинетиот Влатко Кешишев на денешното рочиште, во која тврдеше дека првообвинетиот Љупчо Палевски Палчо воопшто не бил присутен за време на грабнувањата и убиствата на 14 годишната Вања Ѓорчевска и на 74 годишниот Панче Жежовски.

Кешишев и кога првично бил приведен од полицијата, како што можеше да се слушне на едно од претходните рочишта, најпрвин не сакал да каже дека Палевски е инволвиран бидејќи му било страв дека првообвинетиот ќе го убие. И покрај тоа се дозволило тој два пати да биде транспортиран заедно со Палевски. Судијата Ивица Стефановски по рочиштето побара од затворската полиција отсега секој обвинител да се носи со посебно комбе.

Обвинителката Ана Стојковиќ Димитровска пред рочиштето рече дека изјавата на Кешишев нема доказна вредност.

Обвинителките Жаклина Јосифовска Крстевска додаде дека имаат доволно цврсти докази за делата за кои се товарат обвинетите, вклучително и материјални докази за Палевски.

На денешното судење сведочеше и вработен во Сејф сити кој кажа дека доцна вечерта на 27 ноември, истиот ден кога ќе биде грабната и убиена Вања, полицијата побарала од нив да го пронајдат движењето на Реното кангу бидејќи имале дојава дека било забележано во близина каде беше пронајден опожарениот Циторен. Во исто време го следеле и движењето на Цитроенот по барање на колегите од Велес. Откриле дека Циторенот бил во Скопје на 24 ноември и поминал покрај зградата каде живеела Вања. Се движел и наредниот ден на 25 ноември.

Реното кангу кое според обвинителството го управувал Палевски и го следел Циторенот ќе го забележат во Чаир на камерите кај голем супермаркет по убиството на Вања. Се гледале две силуети, повеќе ликот на возачот кој бил со седа коса и брадичка.

„Личеше на првообвинетиот, но не можат да кажам сто проценти со сигурност“,  рече сведокот мислејќи на Палевски.

Двајца полицајци сведочеа како обвинетиот Велибор Манев ги однел до местото каде бил закопан Жежовски. Тој и давал насоки на полицијата како да се движи по земјениот пат и да дојде до дупката која била покриена со гранки. Наредното рочиште е закажано за 16 декември. Меѓу сведоците  кои остануваат е и Гоце Трајковски кој водел паралелна истрага заедно со Ѓорчевски за пронаоѓање на неговата ќерка.

Марија Митевска

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Гостиварската вода била безбедна до 13 јули, утврдил Центарот за јавно здравје

Sonja Petrusevska

Шестотини тони мазут позајмени пред осум години на Армијата од задолжителните резерви, сè уште не се вратени – извештај на ДЗР

Sasko Dimovski

Одреден 30-дневен притвор за тројцата осомничени за загадената вода во Гостивар – мерката ќе ја издржуваат во затворот во Шутка

Sasko Dimovski

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе