Балкан Вести Свет

13 лица загинаа откако се сруши дел на железничка станица во Нови Сад

„Kако некој да фрли бомба“велат очевидците кои слушнале детонација од местото на несреќата на железничката станица во Нови Сад. Најмалку 13 лица загинаа откако се сруши настрешница на дел од железничката станица.

Повредени се повеќе од 30 лица, а се уште е во тек е спасувачката акција на луѓе кои се наоѓаат под урнатините. Армираната конструкција долга околу 50 метри од непознати причини се урнала. Под настрешницата имало клупи на кои во момент на падот се наоѓале голем број луѓе.

  • „Од урнатините се извлечени осум тела. Има осум мртви. Две лица се хоспитализирани и преживеале, но состојбата на едниот е сериозна. Ногата мораше да му биде ампутирана. Две лица се под урнатините и имаме контакт, Бучавата што ја слушате, во момент се работи на нивно извлекување“ изјави Ивица Дачиќ, министер за внатрешни работи.

Ова е еден од најтешките денови во поновата историјата на Нови Сад.  80 спасувачи од повеќе градови работат на отстранување на бетонските блокови кои паднаа врз луѓето.

По пет часа од несреќата уште една жена и 14 годишно дете беа извлечени од под урнатините и веднаш се пренесени во Клиничкиот центар.

Премиерот на Србија Милош Вучевиќ посочи дека настрешницата е изградена пред 60 години и дека ќе се бара одговорност од надлежните кои биле задолжени за одржување и надгледување на состојбата.

  • „Без разлика што натстрешницата што е изградена во 1964 година, значи пред 60 години, ние ќе инсистираме да се најдат одговорните и тие што беа задолжени да се грижат за состојбата на оваа градба и оние што мораа да ги предупредат властите дека ова треба да се поправи, односно да се бара одговорност“ изјави Милош Вучевиќ, премиер на Србија.

Зградата на Железничката станица е реновирана во 2021 година, а потоа затворена за повторна реновација. Оваа година во јули се отвори по вторпат, но делот на настрешницата која се сруши не била реновиран.

Утре во Србија Владата прогласи Ден на жалост, додека во Нови Сад е прогласена тридневна жалост поради жртвите од страотната несреќа на железничката.

Теа Димковска

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Притвор од 30 дена за екс директорот на Царина, Стефан Богоев и другите тројца осмничени за местење тендер

Дејан Дејан

Протест на граѓани поради опасното возење и сообраќајните несреќи на улицата „Бутелска“ – бараат надлежните бргу да реагираат

Igor Trajkov

(живо)Ова е рана фаза на истрагата, ќе се обезбедуваат и дополнителни докази, вели обвинителката за случајот со Богоев – Се чека одлуката на Кривичениот суд за барањето за притвор

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе