Uncategorized Вести Македонија Најважни

Таткото на Вања по нејзиното исчезнување се движел кон Александар Палас и Качанички пат: Нови сведочења за убиствата на Вања и Панче

Со сведочење на петмина сведоци предложени од Обвинителството денеска во Кривичен продолжи судењето за убиството на Вања и Панче.

Началникот на единицата за насилен криминал при СВР Скопје, Дејан Димовски во своето сведоштво откри детали за истрагата.

Тој рече дека по разделувањето на родителите, се фокусирал на сведочењето на Александар, таткото на Вања.

Тој вели дека била анализирана патеката на движење на Ѓорчевски преку сејф сити камерите.

Откриле дека дента на исчезнувањето и убиството на Вања, возилото на нејзиниот татко 15 минути по 9 часот утрото е снимено како поминува покрај хотелот Александар Палас кон Качанички пат.

Сведокот откако пред судот ги кажа овие податоци потенцираше дека еден час претходно ја лоцирале трасата на цитроенот и кангуто.

Димовски во судница кажа дека за време на распитот на Ѓорчевски го прашале како знаел во кој правец да се движи за да ја лоцира Вања на што тој одговорил дека поведен од криминални филмови  заклучил дека киднаперот секогаш се движи кон најблиската граница.

Димовски го потпрашал зошто во тој случај не заминал на граница Ѓорчевски одговорил  имало многу гужва.

За началникот кој денеска прв сведочеше чудно било тоа што Ѓорчевски ги предвидувал настаните односно прво кажал дека е киднапирана, а потоа велел дека е убиена.

Кешишев, Манев и Видевски на распитот пак кажале дека таткото на убиената Вања му открил на Палчо дека девојчето дента само ќе оди на училиште, а не како вообичаено во придружба на нејзината помала сестра.

Ова дополнително ги зголемило сомнежите на истрагата.

На прашањата зошто и таткото бил инволвиран во киднапирањето не знаеja да одговорат.

Димовски сведочеше и дека во телефонот на мајката Зорица нашле порака испратена ден пред убиството околу 22 часот навечер.

Станувало збор за копија од комуникација меѓу Вања и Александар на социјалните мрежи.

Во пораката и напишал дека утре ќе биде ладно, -7 степени и ја посоветувал да стави шал и капа. Ова ги зачудило и Вања и Зорица.

На сослушувањето во полиција родителите споменувале и откуп.

Александар испратил и порака во група на родители но потоа ја избришал бидејќи според Димовски очигледно згрешил бидејќи требало да ја адресира на друго место.

Пораката гласела: Кажете колку пари треба.

Во тек е судењето на кое освен Димовски ќе сведочат четири други лица предложени од обвинителството.

 

 

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Ахмети побара од Уставниот суд да ги отфрли иницијативите за Законот за јазици

Дејан Дејан

Уставен суд нема да ги коментира медиумските објави и апелира на воздржаност

Дејан Дејан

Трагедија во импровизирана џамија во неготинското село Црвени брегови-пронајдени починати три лица

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе