Вести Македонија

Додека граѓаните се жалат за високите згради спроти Ист Гејт, инвеститорот Чифлиганец за Телма тврди дека се гради законски

На неколку метри од највисоката зграда на Македонската телевизија на паркинг просторот спроти трговскиот центар, ќе се гради нешто понизок станбен и деловен објект. Ќе чини од 90 до 100 милиони евра, а се очекува да се изгради за две години. Ќе биде на три дела, на аголот ќе биде највисокиот дел од 15 ката,  другиот станбен објект од 11 и бизнис центарот 7 ката.

Граѓаните се жалат дека по изградбата на молот секојдневно се создава метеж, а дополнително со новиот станбен и деловен објект ќе биде целосен крај на движењето и живеењето во овој дел од градот. Општина центар ѝ издаде градежна дозвола на фирмата Адора инжинеринг, а сопственикот Ванчо Чифлиганец екслузивно за Телма тврди се гради согласно закон.

„Оваа градежна парцела беше нелегално паркинг бесплатен. Значи 20 години јас, луѓето што се паркирале овде бесплатно го користеле. 20 години овој плац го чистам од ѓубре, за жал и шприцеви наоѓаме често и седум години имаше мораториум со промена на дупот. Општина центар го намали го направи похуман. Јас од ова место тврдам, најелитниот, најхуманиот елитен станбен деловен комплекс со еден бизнис центар ќе биде на ова место. Затоа што имаме 320 паркинг места, имаме 230 места за велосипеди, се градат 190 стана и 20% зеленило“, вели за Телма Ванчо Чифлиганец „Адора инженеринг“.

За изградбата на објектот, Чифлиганец тврди уплатени се комуналии од околу 5 милиони евра.

„Доколку некој смета дека ова не е во ред Ванчо Чифлиганец и неговата сопствена компанија респектирана Адора инжинеринг, нека се вратат 5-те милиони евра јас ќе ја напуштам земјата. Јас сакам да творам во мојата земја Македонија“, вели за Телма Ванчо Чифлиганец „Адора инженеринг“.

Според Деталниот урбанистички план, објектот ќе има максимална висина од приземје плус 18 ката. Издадената градежна дозвола е во согласност со параметрите на ревидираниот ДУП, донесен во јули минатата година.

„Општина Центар Скопје издаде одобрение за градење, правосилно на 27.09.2024 година, за г.п.1.21 од ДУП Градска четврт ЦС07, Крњево 2, Општина Центар Скопје. Според деталниот урбанистички план за Градска четврт ЦС07, Крњево 2, Општина Центар Скопје, за г.п. 1.21 е предвиден објект со намена А2 домување во станбени згради со можност компатибилни намени максимум до 40%“, велат од општина Центар.

Чифлиганец поднел барање за добивање градежна дозвола во јуни 2021, што според стариот план се дозволуваше дупло поголема површина за градба и формирање бетонски ѕид, но беше одбиен.

Општина Центар го смени ДУП-от за Крњево во јули минатата година. Со измените, ја намали површината на која може да се гради и развиената површина, но ја зголеми дозволената катност на зградите од 12 на 18-ката.

Симона Петровска

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Агелер за ставањето на Груби и Беџети на црната листа на САД: Политичкото мешање во судството не смее да се толерира

Дејан Дејан

Артан Груби и Енвер Беџети на црната листа на Стејт департментот

Дејан Дејан

Ахмети побара од Уставниот суд да ги отфрли иницијативите за Законот за јазици

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе