Емисии

ЗАВРТИ НА ТЕЛМА – интерактивен квиз – наскоро секој работен ден во нов термин -14:45

Четвртата сезона на квизот Квизот „Заврти на Телма“
„Заврти на Телма“ ќе започне наскоро во нов термин – 14 часот и 45 минути. Квизот и понатаму ќе се емитува секој работен ден, ќе трае 30-на минути, со вклучување на играчи преку обичен телефон во живо. Точните одговори на интересни и поучни прашања ќе Ве додведат до награди. Водител и во новата сезона е Тина Таутовиќ.
ПРАВИЛА
Квизот трае 30-на минути во живо со вклучување на играчи преку обичен телефон.
Во „3аврти на Телма“ има тркало на кое има место за 16 полиња, од кои едно поле е на генералниот спонзор, едно поле е на спонзор на денот и останатие полиња се со спонзори  на поле и одредени полиња со порака како: повеќе среќа следниот пат, повтори вртење, одбери спонзор, награда изненадување, гостин во студио.
Откако гледачот ќе се јави водителот ќе го завтри тркалото во негово име. Кога тркалото ќе застане на одредено поле на кое има спонзор, водителите му поствауваат три прашања.
Ако тркалото застанало на:
    • Спонзор на поле  еден точен одговор и добива награда од спонзорот на полето
    • Спонзор на денот има две награди: мала награда и голема награда.
      • за еден точен одговор од три прашања следува мала
      • за два точни одговори од три следува поголема награда
    • Генерален спонзор има три награди: мала, средна и голема награда
      • за еден точен одговор од три прашања следува мала
      • за два точни одговори од три следува средна награда
      • за три од три точни одговори следува голема награда
 Во првиот случај Спонзор на поле наградата е од 300 до 1000 денари.
Во вториот случај Спонзор на денот малата награда е до 1000 денари, а поголемата над 1.500 денари, и
Во третиот случај Генерален спонзор малата награда е до 1000 денари, средна награда од 1.500 денари до 3.000 и големата над 5.000 денари.
  •  Ако тркалото застанало на:
    • Повеќе среќа следниот пат – играчот нема среќа и не му се поставуваат прашања, се бара нов гледач
    • Повтори вртење – играчот ќе треба да зварти уште еднаш или се додека не му се падне спонзорско поле или некое друго поле освен повторно заврти
    • Одбери спонзор – играчот може да одбере кој сака спонзор од тие што не се веќе паднати на тркалото
Награда изненадување – играчот ќе добие можност да одбере едно од три пликоа во кои има разни награди и игра по правилото за спонзор на поле – еден одговор од три прашања ја добива наградата во пликото
Гостин во студио – За да биде гостин во студио треба да одговори на сите три прашања. Ако ги одговори точно играчот, во договор со продуцентот, ќе биде гостин во студио на крај на месецот во кој одговорил и ќе го врти тркалото само за себе и да ги освои сите награди. Гостин во студио може да биде само еден играч во текот на месецот. Кога ќе се добие гостин во студио тоа поле се покрива со нов спонзор или поле со нова порака.
Водителот, не смее да му помога на гледачот, а гледачот да одогвори на сите три прашања има на располагање 30 секунди, кои се намалуваат откако ќе го прочита водителот првото прашање.
Гледачот смее доколку не го знае одговорот (тајмерот му тече) да побара следно прашање.
  • Откако на тркалото наградата ќе се додели, тоа поле повеќе не е во игра до следниот ден.
  • Со тоа еден спонзор не може да додели два награди во едно емитување, освен генералниот спонзор кој може да додели две награди. По доделувањ ена две награди се вади полето на  ГС.
  • Наградите по добивањето, и по контактот од организаторот со добитникот, ако не се подигнат за 30 дена – застаруваат.
  • Во квизот може да учествува секој кој ќе се јави на телефонот објавен на екранот, а доколку се јави лице помладо од 18 години, треба да има родител или стрател кој ќе дозволи да се натпреварува лицето помладо од 18 години.
  • За да се вклучи во квизот гледачите се јавуваат на обичен број и се наплаќа разговор по минута како кон локална мрежа, а доколку јавувачот има бесплатно кон сите мрежи тогаш јавувањето е бесплатно.
  • Јавувачот кој ќе биде преземен од операторот треба да остави податоци, име и презиме и телефонски број за контакт доколку освои награда за да може да се исконтактира по завршување на квизот и  ќе му биде објаснето: на ТВ применикот да го исклучи тонот и да зборува и ги слуша водителите во слушалката на телефонот.
  • Играчот слушајќи во телефонска слушалка ќе може да го следи тајмерот кој последните 10 секунди ќе испушта звуци, со тоа што од 10та до 5та секуна ќе биде тивко, а последните 5 секунди ќе бидат гласни.
  • Заврти на Телма – со среќа и знаење!
© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Топ Тема Израел, Иран и нови битки на Блискиот Исток 04.10.2024

Дејан Дејан

Топ Тема – 100 дена нова влада, што реално се оствари 02.10.2024

Дејан Дејан

Топ Тема: 100 дена влада и Закон за бранители (01.10.2024)

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе