Вести Избори 2024 Македонија Топ вести

ЈО истражува: евентуален поткуп во Делчево, поставувале водомери во неколку населени места

Претседателот на Комисијата задолжена да ги следи нерегуларностите на претседателските избори Џелал Бајрами, се обрати на денешната прес конференцијата и изјави дека денешниот изборен ден се одвива без поголеми нарушувања и нерегуларности.

Во текот на вчерашниот ден во ЈО Делчево е заведен предмет по барање на МВР за вршење на увид во службена документација, во ЈКП Делчево и Македонска Каменица, поради сомневање дека е извршено кривично дело – Поткуп при избори и гласање  од член 162 од Кривичниот законик.

Сомневањата биле поврзани со наводно поставување на бесплатни водомери на граѓаните од страна на  јавните комунални претпријатија, со намена за поткуп на граѓаните да гласаат во нивно својство на денешниве изборите.

ОЈО Радовиш денеска извести и за настанот во селото Бучим. Наводно на место на гласање, при пуштање на гласачко ливче во кутија од страна на гласач, истиот го покажал на набљудувачот кој бил од одредена политичка партија. Дадени се соодветни насоки за проверување, но и дали постојат елементи на кривично дело поврзани со член 160 од Кривичниот законик – Повреда на слободата на определување на избирачите.

Станува збор за мал број на нерегуларности, но генералната оценка за досегашниот изборен процес е дека поминува без поголеми нарушувања кои би содржеле кривични дела. Ваквите нерегуларности биле пријавени и за истите веднаш се интервенирало. Денеска во текот на денот се организирани вонредни дежурства во сите основи јавни обвинителства.

Комисијата ги следи евентуалните изборни нерегуларности кои би претставувале кривични дела, поврзани со изборите и гласањето, но и останатите кривични дела кои би можеле да го нарушат текот на изборниот процес.

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Парламентарни избори 2024 – изборна хроника 05.05.2024

Дејан Дејан

Им дал 25.000 евра, но наместо торба полна со денари, му дале торба со ливчиња – скопјанец наседнал на измама од двајца странски државјани

Дејан Дејан

(Видео) Повредени 155 полицајци, уапсени 74 навивачи – хаос во Берлин на меч од четврта фудбалска лига

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе