Вести Македонија Топ вести

ЈП „Паркови и зеленило“ не исплаќа оштета за ветер посилен од 60км/ч – како се наплатува осигурување за оштетени завтомобили во невремето

Без каско осигурување на автомобилите речиси и да нема друг начин за обештетување за штетите од вчерашното невреме. Сè друго се сведува на солидарноста на општините и државата.

Јавното претпријатие „Паркови и зеленило“ е одговорно и надоместува штети од паднати дрва единствено во случаи кога ветерот е со брзина до 60км на час, но не и за посилно невреме како што беше случај вчера.

„Кога ветерот е над 60км на час, тогаш се смета за елементарна непогода и ние не плаќаме отштети. Кога е под 60км на час, тогаш да, ние како ЈП „Паркови и зеленило“ плаќаме отштети.
Нашите екипи сите на терен и работиме на паднати дрва по булевари и улици што се, тие ни се приоритет, па после ќе влеземе и во паркови, институции каде има паднати дрва“,
вели Муамер Сефери, директор на ЈП „Паркови и зеленило“

За штетите направени од урнатите кровови е исто така тешко да се најде друг начин за обештетување бидејќи управителите на станбените објекти немаат надлежност да склучат осигурителна полиса за одговорност кон трети лица, освен ако тоа го сакаат самите станари п управителот да ја склучи во нивно име.

„Сопствениците на посебни делови со договорот за заемни односи можат да го определат начинот на осигурување на заеднички делови на станбената зграда и распоредување на износите за плаќање на осигурителните премии. Сопствениците на посебните делови одлучуваат за работите на управувањето меѓу кои е и осигурувањето на заеднички делови, инсталации, опрема како и градежни елементи  на станбената зграда со мнозинство гласови според сопственичките делови, а управителот или Претседателот на заедница на сопственици ги извршува одлуките на сопствениците на посебните делови“, ни одговорија од Регулаторната комисија за домување.

Оттука, најсигурен начин за материјално обештетување е каско осигурувањето. Иако не е задолжително, осигурителите велат дека интересот за овој продукт расте, особено кога станува збор за поновите возила, и само годинава бележи раст од околу 9% споредено со лани.

„КАСКО осигурувањето е дополнително, доброволно осигурување за автомобил. Ова осигурување ги покрива речиси сите видови на штети што може да настанат по едно возило, вклучително и штети предизвикани од причини како што беше вчерашното невреме“, велат од Еуролинк Осигурување.

Сепак, осигурителните компании нудат различни пакети каско осигурување и затоа останува препораката да не се исклучува оваа класа осигурување што покрива ризици од невреме.

Мирјана Јовеска

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Почина филмската и музичка ѕвезда Оливера Катарина

Дејан Дејан

Невремето ја оштети дистрибутивната мрежа, во дефект остануваат 300 трафостаници

Дејан Дејан

Уапсен е 62 годишник од струмичко – силувал малолетничка

Kristina Kuzmanovski

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе