Вести Избори 2024 Македонија Топ вести

Ангеловски: Пронајдена испукана димна бомба на избирачко место во Чаир, две лица ги фотографирале гласачките ливчиња

Портпаролот на МВР, Тони Ангеловски, даде краток пресек за текот на изборниот процес од отворањето на избирачките места рано утринава.

Тој информираше дека до сега МВР не регистрирале посериозни нарушувања на јавниот ред и мир при гласањето, како и дека гласањето се одвива мирно без проблеми.

„Од отворањето на гласачките места досега имаме регистрирано две фотографирања на гласачко ливче, едно во Скопје, а едно во Штип. Покрај тоа, во Бучим, радовишко има едно лице кое го покажало гласачкото ливче на набљудувач“, вели портпаролот на МВР.

Информира дека за сите овие настани институциите преземаат мерки за расчистување на случаите.

„Покрај тоа, на територија на општина Чаир се забележани летоци кои биле оставени на паркирани возила, а исто така се испишани и два графити. На едно гласачко место во Скопје покрај испишаниот графит, од страна на претседател на избирачки одбор е пријавено дека во 6.30 часот во ходникот е пронајдена испукана димна бомба. Веднаш се преземени мерки и активности и на ова место гласањето се одвива непречено“, додава Ангеловски.

МВР апелира до граѓаните и учесниците на изборите, во текот на гласањето, до негово завршување, да се воздржат од било какви инциденти.

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Парламентарни избори 2024 – изборна хроника 05.05.2024

Дејан Дејан

Им дал 25.000 евра, но наместо торба полна со денари, му дале торба со ливчиња – скопјанец наседнал на измама од двајца странски државјани

Дејан Дејан

(Видео) Повредени 155 полицајци, уапсени 74 навивачи – хаос во Берлин на меч од четврта фудбалска лига

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе