Вести Избори 2024 Македонија Најважни

Во затвор гласаа оние кои живеат зад решетки, во домашни услови болните и немоќните – денес започна изборот на нов шеф на државата

Гласачката кутија во раце и Избирачкиот одбор пред врата. Вака е денес, на ден пред одржување на изборите.

Гласаат болните и немоќни лица кои најдоцна пред една недела се пријавиле за гласање, во домашни услови.

Денес, една од оние кои го примија Избирачкиот одбор во својот дом, е Гордана од Штип. Пред камерите испрати порака – ќе гласам додека сум жива.

„Првпат гласам во домашни услови бидејќи не можам да одам, се разболев. Јас додека сум жива и додека ме служи мозокот – ќе гласам, затоа што се чувствувам како права Македонка“, вели Гордана Пикова, гласачка од Штип.

Покрај старите и изнемоштени лица, денес своето гласачко право и граѓанска должност ја остварија и лицата кои во моментов живеат зад решетки.

Некои со патики, некои со папучи – но, сите застанати во редот, во посебната просторија определена за гласање. Ваква беше сликата денес во најголемиот затвор „Идризово“.

„Затворениците од полуотвореното, отвореното, женското одделение и оние коишто издржуваат казна доживотен затвор – сите гласаат распределени во посебни групи и временски интервали. Но, својата волја ја изразуваат зад овие два паравани.“

Од менаџментот на затворот информираа дека сѐ поминало во најдобар ред, при подготовката на гласањето во затворски услови.

Запишани се вкупно 6.935 болни и изнемоштени, затвореници, лица во старски домови и наши државјани во странство. Тие можат да го остварат своето право на ден пред утрешниот прв круг од претседателските избори.

Петар Догов

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

ЗНАМ со повик до гласачите – гласајте масовно и изберете претседател по сопствено убедување

Дејан Дејан

Македонија на 36 место според слободата на медиумите

Дејан Дејан

Чуварите во прилепскиот затвор масовно „се разболеа“

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе