Вести Избори 2024 Македонија

Силјановска Давкова од Тетово: Легитимитетот извира од граѓаните и ним им припаѓа

Во Тетово ВМРО-ДПМНЕ вечерва организираше митинг на кој се претстави претседателскиот кандидат Гордана Силјановска – Давкова и нејзината кампања „Македонија повторно горда“. Претседателската кандидатка Силјановска – Давкова истакна дека транзицијата во државата е една од најдолгите и претставува маратон без крај и дека треба да се поработи на европските стандарди.

Извештаите покажуваат дека со оваа власт може да продолжиме само во циклично движење во еден хибриден режим, таков систем во кој има избори, има институции, ама институциите се слаби, изборите не се секогаш фер и демократски, ама најмоќните се премоќни. Секоја моќ се заканува да ве корумпира, апсолутната моќ ги расипа оние на врвот во сите институции. Згора кога на клучните позиции се најдоа луѓе без дигнитет, без авторитет, логично е-тие се опкружија со слични на нив, не со слични на вас. Затоа е заразна е корупцијата и криминалот, стана системска, рече Силјановска Давкова.

Тогаш, продолжи таа, имаме формални носители на власта и вистински носители на власта.

Тие одлучуваат кој на кое место ќе дојде, по послушноста до нив. Ќе бидеме европјани кога во оваа држава ќе има стандарди во владеењето на правото, во човековите слободи и права. Во заштитата на малцинските права, кога владеењето на правото ќе овозможи добра економија, кога ние ќе создадеме амбиенти за либерална економија, истакна Силјановска Давкова.

 

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Фетаи ќе биде именуван за нов специјален претставник на македонската влада во Брисел

Tea Dimkovska

Полициската ЕБР го промовираше засилувањето – новите припадници ги прикажаа своите вештини

Дејан Дејан

Извештајот на Вајц за Македонија: Јазикот, културата и идентитетот не треба да бидат доведени во прашање од трети страни при процесот на интеграцијата кон ЕУ

Tea Dimkovska

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе