Вести Избори 2024 Македонија

Претседателски избори 2024 – хроника 13.04.2024

Кандидатката на ВМРО-ДПМНЕ, Гродана Силајновска – Давкова од населбата Бутел го зачна и досегашниот претседател Пендаровски дека програма нуди по втор пат, но не и отчет за сработнето изминатите 5 години.

Покус не остана и Пендаровски, кој ја прозва опозицијата и ја запрша како се претставуваат пред граѓаните без јасна визија и цел за сите стратешки прашања на државата. Пендаровски, од Тетово вети продолжување на интегративните процеси на земјата.

Билјана Ванковска од Левица се сретна со граѓаните во Струга и забележа дека Градот е изменет но, луѓето ја споделуваат истата мака, а тоа е корумпирана локална власт, корумпирана централна власт и секако младите кои заминуваат. Се осврна и на уставните измени и интеграциите на земјата по модел кој нема да има штета за државата.

Претседателскиот кандидат Арбен Таравари  саботното утро им го посвети на младите. Попладневната прошетка ја искористи да ги чуе нивните проблеми и предизвици со кои се соочуваат, а ги увери дека тој и коалицијата не отстапуваат од заложбите за интеграција на земјата во ЕУ.

Сакам да упатам неколку пораки. Прво, дека доколку станам Претседател на Македонија, ќе ставиме крај на монолитното веење на знамињата низ цела Мкаедонија. Оваа држава има државно знаме, а ќе ги почитуваме сите. Мора да се почитува тоа што е напишано согласно Уставот и законите, порача претседателскиот кандидат Максим Димитриевски на средбата со граѓани во Кичево.

Кандидатот за претседател на Демократската унија за интеграција Бујар Османи денеска имаше предизборна средба со граѓаните на Охрид. Тој им порача дека престојните избори тие имаат избор меѓу две алтернативи – интеграција наспроти изолација, соживот наспроти етничка недоверба и тензија, прогрес наспроти враќање назад.

Јакимовски, пак, караванот за претседателските избори го одведе во Крива Паланка. Таму го нагласи и зборуваше за проблемот со иселувањето на малдите брачни парови. Клучот на нашата заложба и на нашата битка е како да создадеме услови, нашите луѓе од Република Македонија, поготово младите и младите брачни парови, да не се иселуваат. Се иселува дел од економски причини, но голем дел се иселуваат како резултат на тоа што нема систем во Република Македонија, порача Јакимовски.

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Извештај: Британските власти го прикривале скандалот со заразена крв

Дејан Дејан

Либан прогласи тридневна жалост поради смртта на Раиси

Дејан Дејан

Кина: Обидите за воспоставување независност на Тајван се осудени на неуспех

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе