Уставните измени за внесување на Бугарите се услов од ЕУ, тие ни кажаа дека не може да биде променет овој договор и затоа мора да се изгласаат, рече претседателскиот кандидат Таравари. Тој исто така смета дека од Уставот треба да бидат извадени и „20-те проценти“.
Не велам за една година, ние да отвориме дебата, за 2, за 3, за 4. Во меѓувреме ние ќе започнеме преговори. Јас ви гарантирам дека до Нова година се надевам дека ќе имаме стабилна влада, која што ќе биде рационална и ќе ги отвори преговорите. Мислам дека неи сме барем толку паметни, и толку ни значи земјата во која што живееме, дека мораме одредени работи да направиме, нормално барајќи одредени генерации. За доброто на нашите деца, не би сакал да ни се повтори Букурешт, рече Таравари.