Вести Избори 2024 Македонија

Силјановска и Габер Дамјановска ќе присуствуват на утрешната седница на ДКСК

Антикорупциска утре ќе одлучува дали тестирањата за прием во Академијата за судии и јавни обвинители се прекршување на изборниот законик, односно членот кој забранува постапки за вработувања во предизборието.

Кандидатката за претседател Гордана Силјановска која во петокот го поднесе приговорот до ДКСК и лично ќе присуствува на седницата, потврдуваат од нејзиниот штаб. Таа во претставката наведе дека со тоа што полагањата продолжувааат покрај тоа што дека постапката за засновање работен однос е започната и истата не е ставена во мирување, Академијата ги крши законите.

Ставовите на Академијата утре ќе ги брани директорката Наташа Габер Дамјановска. Таа предложила и сведоци, претседателите на Судкиот совет и Советот на јавни обвинители, двете тела кои на акадмемијата и укажуваат колку судии и обвинители им се потребни а потоа и ги избираат завршените академци.

Во одговор на прашања на Телма, Габер Дамјановска вели дека постапката за прием на слушатели во почетна обука не може да се смета за класичен работен однос, бидејќи класичен работен оглас започнува со оглас за вработување и се пополнуваат слободни работни места од систематизација.

Согласно систематизацијата на работни места на АСЈО, овие места не се систематизирани. Кандидатите приjавени на Јавниот оглас за прием на слушатели во почетна обука, полагаат повеќе елиминаторни испити по што селекцијата се врши согласно резултатите до пополнување на бројот на места  и само оние кои ќе се стекнат со статус за слушател во АСЈО се пријавуваат времено, бидејќи се невработени. Доколку слушателот не ја заврши почетна обука во било која фаза (теоретска или практична) или не го положи Завршниот испит треба да ги врати сите трошоци за неговото школување и бруто износот кој му бил исплатен во почетната обука до моментот на престанок на времениот работен однос што не е случај со ниту еден друг работен однос по престанок на истиот работникот да ги врати платите, ни изјави Габер Дамјановска.

По барање за пристап до информација од Акдемијата, Телма го доби и мислењето што антикорупциска во 2017 им го испратила за слична ситуација. Тогаш од ДКСК одговориле дека не постои законска пречка да се реализира започнатата постапка за вработување на определено време на 37 слушатели на почетна обука во Академијата доколку за овие вработувања има согласност за обезбедени финансиски средства за годината и станува збор за итни и недоложни работи.

Ова е втора седница на новиот состав на ДКСК два месеца по стартот на мандатот. Прва која се однесува на конкретен предмет.

Елена Ивановска Мукоска

 

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

ВИДЕО: Невреме во Струга

Дејан Дејан

Обид за физички напад врз претседателката на Уставниот Суд

Дејан Дејан

Крени глас: Со позитивна енергија против врсничкото насилство

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе