Вести Избори 2024 Македонија

Политичките партии се финансираат главно од буџетски средства, но и од донации, подароци и т.н „други извори

Лани ВМРО-ДПМНЕ имала приход од 104 милиони денари. Најголем донатор ѝ била државата, која и уплатила 97 милиони. Во графата донации, кадешто се евидентирани 3 милиони 700 илјади денари, најголем донатор е фирмата за одржување хигиена „Лувак 2020“ со вкупно 800 илјади. Останатите се приватни лица, пратеници и партиски функционери кои издвоиле од 25 до 216 илјади денари.

Вкупните расходи се 98 милиони, 21 се за потрошена енергија, 6 и пол за реклами и пропаганда,  а 6 милиони за камати. Годината ја завршува со нето вишок од 6 милиони, што е 4 милиони повеќе отколку минатата година.

СДСМ има приход поголем за 15 милиони, или вкупно – 119 милиони. 2 милиони и 900 илјади  потекнуваат од членарина, подароци, донации и друго, што е околу половина милион помалку од лани. Над 88 милиони ги водат како приходи од други извори.

Над 17 милиони потрошиле за реклама, пропаганда и репрезентација, 5 милиони за транспорт, исто толку за енергија, или вкупно – 40 милиони. Бележи нето добивка од 53 милиони што е двојно повеќе од лани.

Со 156 милиони, ДУИ има најголем приход. Две третини од тие пари, или, 105 милиони се пренесени од претходната година. 2 милиона се дојдени од камати, 1 милион од членарина, а 1 и пол од донации.

Меѓу подарежливите донатори е лидерот Али Ахмети со 36 илјади, додека техничкиот премиер Талат Џафери дал 15 илјади. За реклами потрошиле над 2 милиона, изнајмиле простор и опрема за милион и 600 илјади, исто толку дале за камати, а во графата други финансиски трошоци впишале 7 милиони. Повторно имаат голем вишок од 135 милиони.

Алијанса за Албанците имала приход од 23 милиони – 17 милиони од Буџетот, 2 од членарина, еден и пол од донации. Најмногу потрошила за поправки – 3 милиони и 600 илјади, потоа за комунални услуги и 1 милион за реклами.

Државата ги финансира повеќето партии: на Левица и доделила 14 милиони, на ГРОМ 8 милиони, а по 4 милиони на Твоја, ТМРО, Родина и на други.

Финансиските извештаи за приходите и расходите на 42 партии ги објави Државниот завод за ревизија заради подобар увид во управувањето со јавните средства.

Соња Николовска

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Обид за физички напад врз претседателката на Уставниот Суд

Дејан Дејан

Крени глас: Со позитивна енергија против врсничкото насилство

Дејан Дејан

Ахмети, ги обвини СДМ и ВМРО-ДПМНЕ за прегласувањето во седумте избирачки места

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе