Осврнувајќи се на метафората која таа ја користи во кампањата, односно „Бермудскиот триаголник“ од Рамковниот, Преспанскиот и договорот со Бугарија, Ванковска појасни дека тие се однадвор наметнати и задираат во суверенитетот на нацијата.
Странците ни се некакви замешатели во сите тие работи. Ако ме прашувате за „Бермудскиот триаголник“, јас го употребив во еден мој научен труд, потоа почнав и да го пласирам вака. Бермудскиот триаголник е урбан мит, практично, не можеме да зборуваме за некој чуден, од кој никој не се вратил, значи, има лек. Ама ние мораме да имаме храброст да ги лоцираме проблемите таму каде што се. Е сега, никој нема храброст, јас сум свесна дека, особено вака кога ќе ги наредите еден до друг, сите велат што мисли женава да прави. Женава мисли да почне од некаде и да почнеме, прво детекција на проблемите, значи тоа се проблемите, тие нѐ влечат доле, тие нѐ сегрегираат, нѐ разделуваат, децата ни ги разделуваат, или прават да си заминуваат. Потоа нѐ прават несреќни, нѐ прават фрустрирани и недостоинствени, затоа зборувам јас за достоинство. За да бидете горди, прво треба да достоите до некои принципи кои што ви се вам важни, рече Ванквоска во интервјуто за Телма.