Вести Избори 2024 Македонија

Ванковска: Ако дојде таков предлог до мене јас би ги помилувала осудените за 27 април

Претседателскиот кандидат на Левица, Билјана Ванковска смета дека не е коректно што во изборна кампања одредени лица биле помилувани. Во вечерашното интервју за Телевизија Телма, таа рече дека претседателот по функција го има тоа право, но во законска процедура. Ванковска исто така порача дека таа би ги помилувала осудените за упадот во Собранието.

Да, ние како евентуални претседатели ќе го имаме тоа право, меѓутоа словото на законот нѐ обврзува да ја почитуваме постапката. Постапката вели преку Министерството за правда. Ако дојде таков предлог до мене јас би ги помилувала осудените за 27 април, затоа што прво одлежаа доволно, платија висока цена, и мислам дека делото за кое се товарат, терористичко загрозување на уставниот поредок, беше претешко и политички би рекла мотивирано, рече Ванковска.

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Намален бројот на работници во индустријата

Kristina Kuzmanovski

Израел и Либан донеле одлука за примирје на целата либанска територија

Kristina Kuzmanovski

Германија за првпат не успеа да освои непостојано место во Советот за безбедност на ОН

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе