Ракомет Спорт

Шпанија победи во Литванија: Македонија и официјално на ЕП 2024

Македонската женска ракометна репрезентација се пласираше на Европското првенство што годинава ќе се одржи во Австрија, Швајцарија и Унгарија. Нашите девојки го победија Азербејџан убедливо во Баку, а Шпанија славеше со 20-34 на гостувањето кај Литванија. Токму овој резултат значеше дека Македонија има недостижна бодовна предност на второто место во квалификациската Група 5 и на едно коло до крајот се обезбеди пласман на континенталниот турнир.

Избраничките на селекторот Кристијан Грчевски добро го почнаа натпреварот со 0-4. Изненадувачки Азербејџан дојде до израмнување 5-5, но тоа само ги мотивираше нашите ракометарки во продолжението. На полувремето веќе имавме опиплива предност во Баку од 12-19.

Во вториот дел од минута во минута само го зголемувавме водството до највисоки +16 голови разлика. Конечниот резултат гласеше 22-37.

Јована Саздовска со седум голови беше најефикасна во редовите на Македонија, Сара Ристовска имаше гол помалку, а голманките Јована Мицевска и Драгана Петковска имаа по четири интервенции.

Во последното коло од квалификациите во рамки на групата 5 на домашен терен ја пречекуваме Литванија во салата „Борис Трајковски“ во Скопје со почеток од 18 часот.

Влезот за сите љубители на ракометот ќе биде слободен.

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

ФОТО галерија: Вардар повторно подобар од Алкалоид, остана во трката титулата

Дејан Дејан

Одбојкарите во Струмица ги стартуваа подготовките за Златната лига и евроквалификациите

Desk

Лунин останува во Реал Мадрид до 2028 година

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе