Балкан Вести

Амбасадорите на Квинта на средба со косовскиот државен врв во врска со членството на Косово во СЕ

Амбасадорите на петте најмоќни држави акредитирани во Косово – Соединетите Американски Држави, Франција, Германија, Италија и Обединетото Кралство, познати како „Група Квинта“, беа примени доцна попладнево од претседателката на Косово, Вјоса Османи, јави дописникот на МИА од Приштина.

На средбата одржана во кабинетот на Османи присуствуваа и премиерот, Албин Курти и спикерот на косовското Собрание, Глаук Коњуфца, а единствената информација што ја објави претседателскиот кабинет е дека косовскиот државен врв со дипломатските претставници на Квинтата разговара за процесот на зачленување на Косово во Советот на Европа.

Средба на претседателката Османи, претседателот на Собранието Коњуфца и премиерот Курти со амбасадорите на државите на Квинта во врска со зачленувањето на Косово во Советот на Европа, се вели во краткото соопштение на кабинетот на Османи, придружено со фотографија од средбата.

Извештајот на специјалната известувачка на СЕ за Косово, Дора Бакојани ќе се најде на гласање пред Парламентарното собрание на Советот на 16 април, додека Комитетот на министри на земјите членки на СЕ, според најавите од Стразбур, на 16 и 17 мај ќе ја одржи својата 133-та седница, на која се очекува да се гласа за барањето на Косово за членство во организацијата.

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Во Шведска зголемена безбедноста на израелските претставништва

Дејан Дејан

Претседателот на Управниот суд Сејдини ги отфрла тврдењата дека врши притисок врз судиите кои одлучуваат за тужбите на Европскиот фронт

Дејан Дејан

Туфегџиќ во „Топ тема“: Против сум избрзани решенија, мора да имаме јасна стратегија и концепот каков Судски совет сакаме да имаме

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе