Вести Македонија Најважни

Скандал на Токсикологија – организациската директорка не знае македонски и комуницира со преведувачи, а ја придружувал и татко ѝ на работа

Не зборува македонски јазик, а и ретко комуницира со вработените.

Извори од Клиниката за токсикологија, за Телма брифираат дека точни се пишувањата во дел од медиумите – организациската директорка комуницира со преведувачи, а во болничките ходници била придружувана и од татко ѝ.

На оваа позиција е назначена Бесија Иљази пред точно еден месец. Досега присуствувала на еден работен колегиум, но со преведувач – брифираат нашите извори.

Преведувачи ѝ се двете секретарки вработени на Токсикологија, објави веб-медиумот МКД.мк, кои први обелоденија за скандалот на клиниката.

„Бесија Иљази е назначена за организациски директор на Клиниката за токсикологија на 14 февруари оваа година. Секоја универзитетска клиника според Законот за здравствена заштита треба да има по двајца директори, еден медицински и еден организациски директор“, се вели во дописот од Министерството за здравство.

Ова е единствениот официјален допис кој го добивме од Министерството за здравство. Телма се обиде да стапи во контакт и да добие став од министерот за здравство, Демири, но безуспешно.

Организациската директорка на Токсикологија е назначена и покрај тоа што во ресорот здравство помпезно се најавуваше укинување на оваа позиција.

Поранешниот министер за здравство, Меџити, уште пред десет месеци најави дека се разгледува можноста скопскиот Клинички центар „Мајка Тереза“ да функционира со еден генерален директор од јануари годинава.

Клиниките функционираат како посебни установи уште од пред речиси две децении.

Триесетина организациски директори ја чинат државата и до половина милион евра годишно, велат пресметките.

Петар Догов

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Сончево и потопло со мала до умерена облачност – Временска прогноза за 28.4.2024

Дејан Дејан

ФОТО/ВИДЕО: Превртен автомобил на Партизанска во Скопје

Дејан Дејан

Кој со кого ќе коалицира и кои се црвените линии на албанските партии за учество во новата влада

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе