Балкан Вести Свет

Хрватскиот претседател Зоран Милановиќ не може да се кандидира за премиер

Хрватскиот Уставен суд одлучи – претседателот Зоран Милановиќ не може да биде на списокот за парламентарните избори. Според Уставот, претседателот не може да врши други јавни или професионални должности и не смее да учествува во политичките активности на ниту една политичка партија.

Се исклучува и можноста во контекст на распишаните парламентарни избори, да биде кандидат на листата за избор на претставници или предложен за кандидат за функцијата претседател на Владата на Република Хрватска.

Минатата недела, хрватскиот претседател Милановиќ објави дека во име на опозицијата ќе се кандидира за премиер на државата и ќе настапи спроти владеачката ХДЗ и актуелниот премиер Андреј Пленковиќ.

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Брисел алармира за притисоци врз судството – власта со нови критики, опозицијата обвинува за заробени институции

Дејан Дејан

За 24 часа – 260 нови пациенти побарале помош во гостиварската болница

Igor Trajkov

Ослободителната пресуда за Талир 2 се пишува, од Кривичен велат ќе биде доставена во најкус можен рок

Igor Trajkov

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе