Вести Економија Македонија

Битиќи: РЕК Битола мора да работи и покрај тоа што производствената цена е повисока од онаа на берзата

РЕК Битола ќе продолжи да произведува електрична енергија по цена од 110 евра за мегават час, иако во моментов цената на струјата на берзата е за 20 до 40 евра поевтина, во зависност од периодот во денот или речиси 100.000 евра поскапо во период од 24 часа. Според вицепремиерот за економски прашања Фатмир Битиќи, иако нема економска исплатливост, државата мора да осигура минимум производство од домашни капацитети, бидејќи берзата не е предвидлива за да може ЕСМ да се потпре исклучиво на набавка на струја во моментов.

Битиќи е дециден дека моменталната состојба е последица на повеќедецениска негрижа за системот, во случајот РЕК Битола чиј рок на употреба одамна е изминат и затоа мора да се забрза транзицијата во енергетскиот сектор во делот на обновливи извори со што ќе се намали производствената цена.

ЕСМ набавува струја од почетокот на месецов, а нови договори со трговци се склучени се до 17 март. Цените по кои се купува се движат од 60 до 76 евра за мегават час, а цената на РЕК Битола е околу 110 евра, на ЕСМ нешто пониска.

Новите количини струја ЕСМ ќе го чинат 2,26 милиони евра што е стотина илјади евра помалку дневно, отколку да работи РЕК Битола за кого ЕСМ со повикот кој го објави во февруари набавува двојно поголема количина на јаглен од предвидените во ланскиот повик. ЕСМ најави дека од следната недела ќе го вклучи на системот и првиот блок во РЕК Битола.

Огнен Чанчаревиќ

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Невремето во Штип предизвика штета и во Клиничката болница – зафатени одделенијата за Ортопедија и Интензивно лекување

Igor Trajkov

Минувач ѝ помогнал на тешко повредена скопјанка врз која паднало дрво – барајќи ѝ ја чантата, нашол бомба

Sasko Dimovski

Девет повредени лица во невремето во Скопје, од кои две потешко, се примени во клиниката за ТОАРИЛУЦ

Sasko Dimovski

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе