Вести Македонија Најважни

Васев и Нухи сè уште без повик од обвинителството да дадат исказ како осомничени во истрагата за набавка на лекови на реверс на Онкологија

Фондот за здравствено осигурување (ФЗО) извршил нов вонреден надзор на Клиниката за радиотерапија и онкологија, во врска со истрагата за набавка на лекови на реверс и препишување на вишок терапии, при што сомнежите се дека е причинета штета од 30 милиони евра.  Државниот обвинител Љупчо Коцевски за време на гостувањето во „Топ тема“ информираше дека извештајот на ФЗО е доставен до обвинителството и истиот се анализира, но не можеше да даде детали.

Истрагата, како што рече, продолжува во насока на кривичните дела за кои од почеток се товарат осомничените.

„Во моментов се работи за навистина сложен предмет. Истрагата се уште е на самиот почеток. Ништо не е исклучено. Во тек е економско, финансиско вештачење и вештачење за издвоени медицински истории. Имаме експерт од Словенија. Прибавена е огромна документација. Тоа го кажа и јавната обвинителка и компјутерски податоци кои што се анализираат“, рече Коцевски во „Топ тема“.

Во случајот се осомничени пет лица за измама во службата. Двајцата тогашни директори медицинскиот и организацискиот, Нино Васев и Нехат Нухи, според сознанијата на Телма, сè уште не се повикани да дадат исказ, бидејќи во тек е прибирањето на доказите.

Обвинителката која го води случајот, Ана Гоговска-Јакимовска во интервју за КОД минатиот месец рече дека според досегашните сознанија немало директна злоупотреба на пациентите.

„Од досега прибавената и анализирана документација утврдено е дека набавките на набавена биолошка терапија на реверс од добавувачите во време кога постапката за јавна набавка не била спроведена  не се случувале инцидентно, туку таквата набавка станала пракса на клиниката во периодот 2019-2022 година. Биле набавувани лекови ан реверс 4,5,6 или 7 месеци пред склучување на договорите со добавувачите“, рече обвинителката Ана Гоговска-Јакимовска.

Со истрагата засега се опфатени седум тендери. Терапиите чинеле до 5.000, 6.000 евра. Се препишувале во просек една до две терапии дополнително, но имало случаи и на повеќе препишани терапии. Главното прашање на кое одговор треба да даде истрагата е за кого осомничените обезбедувале корист.

Судот донесе одлука да им ги одземе пасошите на Васев и Нухи и да им забрани да го напуштаат живеалиштетото. На Васев му се забрането и да се доближува на своето работно место.

Марија Митевска

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Преку ден со сонце и топло, попладне нестабилно – Временска прогноза за 21.5.2024

Дејан Дејан

Иранскиот претседател Раиси загина во хелихоптерска несреќа

Дејан Дејан

Се урна хеликоптерот на иранскиот претседател Ибрахим Раиси

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе