Вести Македонија Топ вести

Проф. д-р Пановски: „Големите интелектуалци и антиваксери“ да се огледаат на своите сограѓани од Шуто Оризари каде степенот на вакцинација е најголем

Најмногу ме загрижува тоа што се случува во регионот со големата кашлица, нешто што го има во соседните земји неминовно е да дојде и кај нас, вели професор Пановски.  Во Србија, па дури и во Хрватска како членка на Европската Унија, до тој степен е навлезено антиваксерството, што ни Македонија не би можело да се рече дека е далеку од тоа, без оглед што деновиве расте бројот на оние кои се вакцинираат. Доказ за тоа се некои само навидум урбани општини и епидемијата со морбили која не беше така одамна и која може пак да се случи, додава професор Пановски.

  • Гледав резултати во Шуто Оризари, скопска општина немаше ниту еден случај на морбили, кога беше епидемијата. Зошто? Затоа што е најголем степен на вакцинација во Македонија. Порачувам баш од ова место, општина Центар и општината во која живеам Карпош, големите интелектуалци под наводници да се огледаат на своите сограѓани од Шуто Оризари. Посебна порака до кумановците и струмичаните кои имаат најнизок степен во Македонија, зборам на републичко ниво, а поздрав до прилепчани кои имаат единствено заедно со Кочани кои имаат 98% имунизација, значи 3% над она што го бараме за имунизација. Самиот факт дека во Шуто Оризари каде најмногу може да се пренесува болеста, заради начинот на живеење и субстандардни услови, голем број на деца ја примија вакцината за морбили, се надевам и за црната кашлица постигнала успех, нека им служи на овие „големите“ интелектуалци, некои доктори на науки итн, што расправаат прикаски и нека се погледнат во огледало- проф. д-р Никола Пановски, микробиолог.

Важно е родителите да бидат свесни дека и кога ќе ги вакцинираат своите деца и ќе ја добијат потврдата со која може да посетуваат градинка веднаш да не ги носат во градинка.

  • И како што беше со Ковидот, што медицински е неоправдано, го вакцинираме денеска и истиот ден му даваме потврда што е глупост. Тој не е заштитен, никој не е заштитен после боцкањето. За некоја болест треба месец, два, најмалку  три недели за да стекне имунитет. Значи сега ќе го боцнеме и ќе го пуштиме во градинка, а ниту треба да го примат таму, треба да помине време за бебето или детето да добие имунитет- проф. д-р Никола Пановски, микробиолог.  

Во меѓувреме доколку сведочиме на нови загрижувачки бројки на заразени со пертусис и епидемија на пошироко ниво, тоа значи дека би требало да се вакцинираат не само бебињата и децата, туку и бремените жени и сите оние кои работат со деца.

Нина Стефанова

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Пазарните инспектори излегоа на терен да ги проверат цените на производите кои се дел од новогодишната кошничка

Дејан Дејан

Лајчак порача: Не чекајте, искористете го моментот, прозорци на геополитиката нема да останат засекогаш отворени

Дејан Дејан

Непримерно, политичко насилие, притисоци и уцени врз Уставниот суд?!

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе