Вести Македонија Топ вести

Забранет влез во градинката во Радишани за негувателка која малтретираше тригодишно дете

Наместо нега и топло катче за игра, навреди и насилство. Тригодишно дете било под постојан терор на 32-годишна негувателка. Му се обраќала со погрдни зборови, го тегнела и влечела за коса. Градинката во Радишани во неговите очи станала Куќа на стравот.

Според истражителите, понижувањето траело цела година, а последиците се вознемирувачки. Од силниот страв и претрпен стрес, три годишното дете го изгубило говорот. Негувателка е под истрага за запуштање и малтретирање на дете.

„Во временскиот период од 2022-2023 година, осомничената вработена во детска градинка во Радишани во повеќе наврати извршила психичко и физичко насилство спрема оштетено тригодишно дете кое ја посетувало јаслената група во градинката. На детето му се обраќала со погрдни зборови, го влечела и тегнела за коса, па тоа претрпело силен страв и стрес, што резултирало со губење на говор и страв од одење во градинка, соопшти ЈОРМ.

Јавен обвинител бара на негувателката да и` се забрани влез во градинката, да не смее да му се приближи на детето и да се спречи каков било контакт со  него,со неговите родители и сите кои сведочат за нејзиното немилосрдено однесување.

Меѓу мерките на претпазливост, се бара привремено одземање на нејзината патна исправа, да и` се забрани да го напушта живеалиштето и да и` се наметне обврска повремено да се јавува во судот.

Весна Јовановска Дојчиновска

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Со лажни дијаманти измамил српски државјанин и му зел пари

Дејан Дејан

Парламентарни избори 2024 – изборна хроника 27.04.2024

Дејан Дејан

Пендаровски: Истите луѓе кои упаднаа во Собрание, сега бараат власт, нивната кандидатка за претседател најавува нивна амнестија

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе