Вести Македонија Најважни

Неосновани 20 месеци притвор за Спиро Ристовски – Стразбур пресуди во корист на екс-министерот

На екс министерот Спиро Ристовски и екс функционерот во МВР, Мирко Пешов им било повредено правото на слобода и безбедност при продолжувањето на притворот за 27 април, пресуди Европскиот суд за човекови права (ЕСЧП). Ристовски, кому му се суди  во предметот за организаторите, бил 20 месец во притвор од кои три во ефективен, а останатите во куќен.

Македонските судови не навеле доволно релевантни и убедливи причини зошто Ристовси треба да биде држен во притвор. Другиот аспект, кој според одбраната покажува дека не постапката за притворот не бил правична, е тоа што предлозите на обвинителството за продолжување на мерката не му биле доставувани на одговор на обвинението за да може да даде одговор. Сето ова, според адвокатот, покажува дека притворот бил неоснован.

Необразложени причини за притворот се наведуваат и кај Митко Пешов, кој е осуден во првиот предмет за 27 април. Бил 10 месеци во притвор четири во Шутка и шест во домашен.

Покрај материјалната штета за покривање на трошоците на двајцата им се досудува и нематеријална оштета од 750 евра. Според адвокатите, сумата е симболична, но важна е пораката што повторно се испраќа порака до државата дека има проблеми со основаноста на долгите притвори. Зефиќ се надева дека судовите ќе извлечат поука и ќе ја променат праксата со притворите. Пресудите на судот во Стразбур не се основа за оштета за неоснован притвор, вели Богданов, според кого треба да се воведе некаков механизам за ова прашање.

Ова не е прва пресуда на ЕСЧП со која се лоцираат повреди од европската Конвенција за човекови права во начинот на продолжување на притворот. Низ годините, Стразбур пресуди во корист на обвинетите во „Змиско Око“, за Велија Рамковски, за Миладинови, за Љубе Бошковски, за Миле Јанакиески и други

Елена Ивановска Мукоска

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Бангладеш: Во удари од гром загинаа 74 луѓе за 38 дена

Дејан Дејан

САД ја запреа испораката на оружје за Израел

Дејан Дејан

Кои имиња ги пополнија собраниските фотелји – анализа на Телма на освоените мандати

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе