Вести Најважни Свет

Направивте лудост, ќе платите висока цена – Хутите со порака до САД и В. Британија

Лидерот на Хутите, Мохамед ал-Букхаити рече дека САД и Велика Британија „наскоро ќе сфатат“ дека нападите врз Јемен се „најголема лудост во нивната историја“.

„Америка и Велика Британија направија грешка што почнаа напади врз Јемен, бидејќи немаа корист од претходните искуства. Секој поединец на овој свет е соочен со два избора – да застане или со жртвите на геноцидот или со неговите сторители. На било каков удар против нас, апсолутно ќе одговориме, без сомнеж, со нашата сила и одлучност, а регионот ќе биде на раб на ескалација на која никој не го знае крајот“, напиша Букхаити на Икс.

Заменик министерот за надворешни работи на Јемен, Хуса Хусеин ал-Изи во изјава за јеменскиот ТВ канал Ал-Масирах рече дека „САД и Велика Британија ќе платат висока цена за „очигледната агресија“.

Хутите порачаа дека ќе продолжат со напади врз бродови кои се движат кон Израел, и покрај воздушните удари на САД и Велика Британија. Нивниот портпарол Мохамед Абдулсалам порача дека Јемен ќе остане Плаестинците во Газа.

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Уште една странска компанија заминува од земјава – германски БМЗ го затвора погонот, го сели производството во Полска

Kristina Kuzmanovski

Комисијата за заштита на конкуренцијата ограничувала конкуренција при набавки, утврди ДЗР

Kristina Kuzmanovski

Тетовчанка пријавена за физички напад и закани кон свекрва

Kristina Kuzmanovski

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе